6-те грешки кои ги прави секоја втора домаќинка, поради кои киселата зелка не успева и не трае до пролетта
Зимскиот период е незамислив без киселата зелка. Таа е потребна и за туршија, и за сарми и за готвење, а на прв поглед речиси и да е невозожно да погрешите при нејзината подготовка.
Но, всушност речиси секој од нас прави грешки при складирањето на киселата зелка, кои го уништуваат вкусот на зеленучкот и значително го скратуваат неговиот рок на траење.
Само правилно ферментираната зелка може да ги задржи своите корисни својства и витамини, дури до пролетта.
Најпрво, за втасување најдобро е да изберете стара бела зелка. По ферментацијата, потемните сорти може да добијат лесно горчелив вкус.
Најчестите грешки при приготвувањето на кисела зелка
1. Прекумерено изложување на собна температура
Доколку ја подготвувате зелката исечена во тегли, тогаш задолжително треба да го изложите 3-4 дена на собна температура (22°C- 24°C). Тоа време е доволно за ферментација, а потоа зелката треба да се пренесе на ладно, дури студено место.
Доколку ја приготвувате зелката на овој начин, тогаш најдобро е да ја складирате во замрзнувачот. Така, кога и да посакате, едноставно извадете го потребното количество, одмрзнете и насладете се на нејзиниот прекрасен вкус.
2. Не употребувате тежина
Зелката не може добро да ферментира, доколку не е притисната добро. Целата содржина на садот треба целосно да биде потопена во солениот раствор
3. Не додавате доволно сол
Недостатокот на сол може да доведе до неуспешно приготвена зелка. За правилна ферментација, неопходно е да земете 1 супена лажица сол (30 гр) за секој килограм.
4. Користите јодирана сол
Воопшто не треба да користите јодирана сол за подготовка на киселата зелка и било кои други деликатеси.
5. Користите доцна сорта на зелка
Употребата на доцни сорти, наменети за долгорочно складирање, е најчестата грешка. Овој вид на зелки најдобро се складираат на воздух, бидејќи во нив нема доволно шеќери. Поточно, шеќерите се наталожуваат за време на складирањето.
Како резултат на тоа, доцната зелка може да ферментира кон крајот на Декември, кога во нема нема доволно шеќери, за да го започне процесот на ферментација, а не во текот на Септември и Октомври.
Зелката која се складира во текот на Октомври, треба да има цврсти и сочни листови.
6. За време на ферментација, не ја промешувате зелката
Зелката треба да се промешува секој ден од моментот кога ќе започне процесот на ферментација- доколку ја подготвувате исечена во тегли, целиот процес ќе трае многу кратко. Најпопуларниот метод е да го прецедите сокот од зелката користејќи цедалка, а потоа истиот да го вратите обратно во теглата, налевајќи ги одозгора.