Меѓу десетиците хормони произведувани во нашето тело, постојат 6 хормони, кои се од големо значење за изгледот на жените. Овие хормони се одговорни за еластичноста на кожата, а загубата на истата е меѓу првите најзабележителни знаци на стареењето.

Доколку хормонскиот баланс во организамот е нарушен поради некоја причина, тоа може да придонесе телото да започне превремено да старее. За среќа, постои начин како да се ослободите од овој непријатен дисбаланс на хормоните и да ја зачувате вашата младост.

Еве кои 6 хормони кои придонесуваат за предвремено стареење кај жените:

1. Дехидроепиандростерон (DHEA)

DHEA е хормон кој има смирувачки и ефект кој го спречува предвременото стареење. Вистина е дека само до 30-та година, нашето тело го произведува овој хормон во потребните количества, а потоа мускулниот тонус започнува да опаѓа, крвните садови стануваат послаби, кожата ја губи својата еластичност и сетоа тоа се должи на нарушениот баланс на производството на DHEA.

Како да го зголемите нивото на хормонот DHEA:

Масни киселини: Вклучете ги здравите масти во вашето дневно мени, бидејќи истите го поттикнуваат лачењето на DHEA хормонот. Јаткастите плодови, семињата, рибата и авокадото содржат незаменливи полиненаситени масни киселини.

Белки: За ужина консумирајте протеински видови на храна. Тие помагаат во борбата против наглите промени во расположението и го стабилизираат нервниот систем, во текот на истиот ден.

2. Инсулин

Инсулинот го зголемува нивото на шеќер во крвта и кога истиот ќе излезе вон контрола, по кожата започнуваат да се појавуваат раните предзнаци на стареење. Високите нивоа на шеќер во крвта придонесуваат за појава на брчки и надвисната кожа. Поради глукозниот процес наречен гликација, телото започнува да старее побрзо од очекуваното за возраста, а притоа се уништуваат колагенот и еластинот. Некогаш еластичната кожа сега станува ослабната и дехидратирана.

Како да го контролирате нивото на инсулин:

Тест на крвта: На прво место, консултирајте се со вашиот лекар, за да го утврдите точното ниво на шеќер во вашата крв. По консултацијата со специјалист, може да се применат соодветни третмани.

Козметика: Кремите и серумите со ретиноиди (витаминот А и неговите производи) го стимулираат производството на колаген. Во составот на козметичките производи исто така треба да бидат вклучени и витамините Ц и Е, како и зелениот чај, кој дејствува како моќен антиоксидант.

Креми со заштитен фактор: Употребувајте креми со заштитен фактор секојдневно, дури и во зимскиот период. Сончевите зраци ги уништуваат еластинските влакна и допринесуваат за побрзо и предвремено стареење.

3. Кортизол

Високите нивоа на хормонот одговорен за стрес- кортизолот, доведуваат до предвремено стареење. Во зависност од типот на кожата, негативниот ефект на коризолот се манифестира на различни начини: Сив тен, сувост на кожата, длабоки брчки, масно лице и акни. Овој хормон ги уништува колагенските влакна и придонесува за надвиснувањето на кожата.

Како да го намалите нивото на кортизол:

Консумирајте доволно вода: Дехидратацијата го зголемува нивото на кортизолот.

Смирувачка музика: Терапијата со музика, според експертите, значително го намалува нивото на стрес.

Медитација: Медитација му помага на телото да се смири, без лекарства.

4. Мелатонин

Мелатонинот го регулира нашиот циркаден ритам т.е ритам кој му кажува на телото кога е време да се опушти. Сите природни процеси за обновување на клетките се одвиваат за време на спиењето и доколку тој циклус е нарушен, тогаш луѓето започнуваат предвремено да стареат. Недостатокот на мелатонин придонесува за појава на брчки, опаѓање на косат и појава на темни дамки.

Како да го зголемите нивото на мелатонин:

Правилна исхрана: Мелатонинот се содржи во бананите, доматите, оризот и пченката.

Навики: Алкохолот, цигарите и кофеинот имаат негативно влијание во балансот на мелатонинот. Односно, доколку овие три работи се консумираат претерано, тогаш тој едноставно престанува да се произведува.

5. Хормонот на растот

Со текот на времето и годините, започнува т.н процес на соматопауза т.е дефицит на хормонот соматотропин. Со намалување на нивото на хормонот одговорен за растот, мускулната маса се намалува, а се појавува вишок на брчки, расположенито се влошива и издржливоста се намалува.

Иако некои луѓе претпочитаат овој проблем да го решат на вештачки начин, вообичаено тоа доаѓа со многу несакани ефекти: Отоци, главоболки, дури во некои случаи неконтролиран раст на коските и внатрешните органи.

Како да го зголемите нивото на хормонот на растот:

Физичка активност: Практикувајте да пешачите секојдневно на чист воздух, колку што е можно повеќе и практикувајте изведување на аеробни и кардио вежби.

Температурна разлика: Одењето во сауна или наизменичното туширање со топла и ладна вода, го стимулираат производството на соматотропинот.

6. Естроген

Естрогенот ги поттикнува фибробластните клетки да произведуваат колаген и еластин. При недостатокот од естроген, се појавуваат брчки, лицето ја губи својата форма, а градите надвиснуваат. Промените не влијаат само на кожата, колку е пониско нивото на естроген, толку повеќе и побрзо телото губи од својата сила и енергија.

Како да го зголемите нивото на естроген:

Правилна исхрана: Консумирајте млеко од соја, кафеав ориз, ленено семе, свежи зеленчуци и овошје. Месните производи го спречуваат производството на естроген, при што најдобро е да се намали нивната консумација.

Козметика: Користете креми кои содржат фитоестрогени, кои содржат бројни антиоксиданти, кои го стимулираат производствтото на овој хормон.