6-те најопасни „бабини деветини“ кои сериозно може да ве повредат и да му наштетат на вашето здравје
„Баба знае најдобро“- на овие простори е изрека на која многумина се потпираат 100%, при што нашето секојдневние изобилува со бабински совети, кои ги употребуваме, без да размислиме за последиците.
Иако повеќето од советите и триковите вредат вистинско злато, сепак меѓу истите постојат и такви што сериозно може да нè повредат и да му наштетат на нашето здравје.
Еве кои се 6-те најопасни бабини деветини
1. Масло за готвење при изгореници
Употребата на масло за готвење при изгореници може да направи повеќе штета, отколку добро. Кога ќе се изгорите, дури и кога изворот што го предизвикал горењето веќе не е во контакт со повреденото место, дразнењето продолжува да се случува, додека кожата не се излади. Затоа специјалистите препорачуваат да ја поставите повредената зона од кожата под млаз од ладна вода, бидејќи употребата на масло само дополнително ќе го забави процесот на ладење.
2. Паста за заби за лекување на акни и рани
Сода бикарбоната која се содржи во пастата за заби ги суши израстоците и вирусните херпеси на устата. Но, проблемот е во алкохолот, ментолот и кислородната вода т.е останатите состојки во пастата, кои сериозно може да ја надразнат кожата.
3. Сечење на папиломи и мали брадавици
Некои луѓе користат ножици, ножеви и други остри инструменти, за да ги отстранат брадавиците и папиломите од својата кожа. Но, треба да заборавите на овој метод, бидејќи многу лесно може да добиете сериозна инфекција.
4. Виски за забоболка
Експертите тврдат дека овој алкохол содржи многу малку антисептички својства и иако неговото консумирање при забоболка нема да резултира со директни повреди, сепак може да го забави правилното лекување на забот, што пак ќе доведе до поголеми забни непријатности.
5. Восок во ушите
Дури и да сакате да ги прочистите ушите, денес постојат многу помодерни методи, при што нема потреба од присуство на стопен восок во ушите, бидејќи тоа може да ги повреди истите.
6. Опасни лекови против вошки
Иако и за овој проблем денес постојат бројни модерни решенија, сепак некои луѓе употребуваат керозин, бензин, концентрирани пестициди и разни штетни хемикалии врз нивната глава. А постојат и совети кои се апсолутно безопасни, но сосема бескорисни како употребата на вазелин, вода и масло за јадење.