Бојата на косата без сомнение е фактор, чија промена може да го трансформира целокупниот изглед на личноста, дури до непрепознатливост. А кога ќе ја откриеме совршената боја за нас, остануваме верни на истата долги години.

Но, во последно време, со брзиот развој на Интернетот, како и на модната индустрија, влијателните блогерки и модни стилисти знаат да ги инспирираат и поттикнуваат луѓето да прават почести промени во својот изглед, притоа правејќи посмел избор кога станува збор за бојата на косата.

Во продолжение ви ги откриваме 6-те техники на бојадисување кои го освоија срцето на скоро сите дами ширум светот, а со тоа станаа и апсолутен хит за оваа година.

Изборот е голем и за сечиј вкус: И за похрабрите и за дамите кои не би сакале премногу да експериментираат

1. Прекрасно прелевање на сребрена нијанса со бел тон, кое изгледа неверојатно

2. Во мода се и косите со т.н студен сребрен блесок

3. За храбрите и креативни дами, популарен е трендот познат како „бензински нијанси“

4. Нежни нијанси на розево, праска и виолетова боја

5. За посмелите- повпечатливи тонови

6. Необичните линии на косата исто така станаа апсолутен хит за 2019-та година