6-те знаци кои откриваат дека партнерот веќе не е заљубен во вас – Љубовта во врската ја нема!
Многу често, во љубовните исповеди, жените откриваат како нивниот партнер им рекол дека „ќе ги сака засекогаш, но дека веќе не заљубен со нив“. Иако со зборови може лесно да изјави љубов, не значи дека така навистина мисли.
Ако вашиот партнер ги прави овие работи, тогаш имаме лоши вести за вас:
1. Постојано му треба повеќе простор
И додека на почетокот на вашата врска тој не сакаше да се одвои од вас, сега постојано има изговори зошто не може да се сретнете, било да е тоа поради работа, состанок за кој заборавил, главоболка и слично. А и кога ќе помине одредено време со вас, се однесува како да ви направил услуга и сега е „мирен“ на некое време. Една врска дефинитивно не треба да функционира на тој начин затоа што не е обврска, туку интимен меѓучовечки однос.
2. Не се обидува да покаже дека се грижи
И покрај тоа што веќе му дадовте доволно суптилни или па дури и јасни знаци дека не сте добиле букет цвеќе или од вашето омилено чодолго веќе подолго време, тој се преправа дека не ве слуша и не презема ништо, а кога се жалите на тоа, тој се однесува агресивно и како да му досадувате со вашите замерки.
3. Зборува за вашата врска на негативен начин
Кога мажите, кои обично се секогаш таму за да решат проблем или барем да се обидат да го решат, постапуваат како да нема повеќе надеж, тогаш знајте дека станува збор за црвено предупредување. Ако се прашувате дали воопшто вреди да се трудите за вашата врска, ве советуваме да го направите првиот чекор и да прекинете нешто што сигурно ќе заврши лошо за вас.
4. Не ви се јавува, ниту ви испраќа пораки
Нема повеќе слатки пораки за добра ноќ, ниту за добро утро. Не му е важно како воопшто сте поминале на работа или како ви поминал денот. Едноставно целосно го изгубил интересот кон вас.
5. Интимноста е изгубена
Вашиот љубовтен живот не постои, држењето раце одеднаш му изгледа смешно, а а бакнежи и прегратки добивате само од време на време. Дали ваквата врска воопшто може да опстане?
6. Се плашите да му признаете како се чувствувате
Нешто ви пречи, но се плашите да го кажете тоа затоа што знаете дека ќе реагира агресивно? Вие само се мачите додека тој вешто манипулира со вас. Кажете сè што ви доаѓа на ум, и ако тој воопшто се грижи – ќе се обиде да го промени неговото однесување и да го реши проблемот кој постои во вашиот однос.