6 важни работи за бојадисаната коса, кои никој нема да ви ги каже
Дали сте знаеле дека фарбаната коса може да стане зелена, ако дојде во допир со вода од базен, доколку не носите маска?
Пред да се израдувате и возбудите околку бојадисувањето на вашата коса во најмодерната боја или боја која одамна сте ја посакувале, постојат неколку работи кои би требало да ги имате на ум.
На пример, мора да го тестирате вашиот тип на кожа, ефективноста на бојата и нејзината долготрајност.
Косата, ќе се согласите, е многу важна за целокупниот изглед, па затоа добро би било да ги знаете следните работи, а воедно и совети:
1. Точната боја која сте ја избрале може да не биде токму истата со онаа во фризерскиот салон
Постои одреден ризк при изборот на боја- не секогаш тоа што сте го виделе, е она што ќе го добиете. Тоа што сте го виделе на Интернет, најдобро е на вашиот фризер да го покажете преку фотографија, за да истиот точно знаете на што мислите.
2. Фарбаната коса бара користење на посебни шапмони и регенератори
Откако еднаш сте ја бојадисале вашата коса, не може да се вратите на користењето на старите вообичаени производи.
За зачувување на новата боја, мора да користите специфични шампони и регенератори, кои специјално се наменети за таа боја.
3. Користете виолетов шапмон за да спречите преголема брановидност на косата
Виолетов шампон или шампон наменет за тонирање и обликување на косата ќе спречи истата да биде премногу брановидна. Треба да имате во предвид дека ваквите специјални шампони не се за секојдневна употреба.
4. Бојата може да избледне
Вашиот фризер можеби ќе ве предупреди, а можеби и не, но треба да знаете дека бојата на косата може да избледне, особено ако поголемиот дел од времето сте изложени на Сонце.
Исто така, ефектот на избледнување ќе се појави, ако не користите посебен шампон и регенератор, наменет за вашата боја.
5. Мора да ја обновувате бојата
Сепак колку и да се грижите за вашата нова боја, таа со текот на времето ќе избледнее. Па затоа, се препорачува да посетувате фризер на секои 6 до 8 недели, за да ја обновите бојата.
6. Избегнувајте ги базените
Комбинацијата на бакар и хлор кои се присутни во водата од базените, можат штетно да влијаат врз бојата на вашата коса и да го предизвикаат нејзиното оксидирање, што дури може косата да ја претвори во зелена.
Затоа задолжително носете заштитна маска, која ќе го спречи наводнувањето на косата.