6 видови на храна поради кои имате подуени очи и 4 кои може да го решат овој проблем
И покрај убавиот ноќен сон, сепак наутро се будите со големи подочници и се прашувате зошто. Па, освен недостаток на сон, виновникот може да биде и храната што која ја консумирате и во која уживате.
Денес ви откриваме кои навидум сосема обични секојдневни јадења може да бидат причинат за вашите поудени очи со темни кругови под истите.
Храна поради која може да имате подуени очи
Конзервирана храна како леблебијата и црниот грав содржат многу натриум во нив што се користи за процесот на конзервирање. Ова може да доведе до многу здравствени проблеми, а подуени и отечени очи се само едни од нив. Затоа, пред да ги јадете или да ги готвите, исплакнете ги темелно за да го отстраните вишокот на натриум.
Доколку сте алергични на пченица, јачмен или ‘рж, или сте нетолерантни кон глутен, јадењето направено од овие работи може да предизвика надуеност при очите. Во овие случаи, ќе мора да се збогувате со производите од пченица и да најдете други алтернативи.
Нетолеранцијата на лактоза е почеста отколку што може да се замислите. Се проценува дека истата е застапена кај околу 65-70% од возрасната светска популација. Значи, доколку сте едни од оние чиј метаболизам не претпочита млечни производи, тогаш истите обидете се помалку да ги консумирате.
Не заборавајте дека и вашиот омилен сладолед спаѓа во оваа група на храна.
Шеќерот е една од најинфламаторните видови на храна, која предизвикува воспаление низ целото тело, но околу очите е највидливо бидејќи кожата таму е тенка и склона кон отекувањ. Исто така, ограничувањето на шеќерот или целосно избегнување на тоа има многу други здравствени придобивки. Вештачкиот шеќер или засладувачите исто така се подеднакво опасни кога станува збор за предизвикување надуеност.
Исто така лутите чили пиперки, освен соланин, содржат соединение наречено капсаицин кое може да предизвика ткивата да се изгорат и да се воспалат. И ова воспаление лесно може да се појави околу очите.
Храна која ја спречува подуеноста на очите
Магдоносот им помага на бубрезите при испуштање вишок течности од телото. Затоа, ако наутро редовно имате подуени очи, обидете се да ја вклучите оваа состојка во вашиот оброк.
Доколку често се соочувате со темни кругови под очите, започнете да јадете овесна каша за појадок. Една од причините за подуени очи може да биде опстипацијата. Овесот е богат со хранливи растителни влакна и помага во олеснување на движењата на дебелото црево, а со тоа се намалува и подуеноста.
Наместо да го консумирате, авокадото може да ви помогне отстранување на подуеноста со тоа што ќе го употребите истото надворешно. Исечете парчиња авокадо, поставете ги над очите и оставете ги да отстојат така околу 10 минути. Темните кругови можат да бидат предизвикани од недостаток на витамин К, а токму авокадото е богато со истиот. Авокадото е исто така корисно во отстранувањето на темните кругови под очите.
Поставувањето ладни парчиња краставици над очите е одличен начин да ги освежите вашите уморни очи и исто така да ги отстраните темните кругови под истите. Оставете ги парчињата да остојат врз очите околу 15 минут и за кракто ќе забележите дека темните кругови исчезнале, а притоа вашите очите ќе ги чувствувате многу поосвежени.