6 видови на купки за стапала и кои здравствени проблеми можат да ги решат истите
Не е неопходно да одите кај професионалец за да добиете спа третман кој ќе резултира со бројни здравствени придобивки, бидејќи домашните купки за стапала може да ви го дадат истиот, па дури и подобар ефект.
Овие домашни лековити третмани можат да ја поттикнат циркулацијата на крвта, да помогнат во лекувањето на одредени заболувања и да имаат моќен ефект врз вашиот ум и тело.
Уште една корисна работа кај домашните третмани е тоа што слободно може да ја смените концентрацијата на состојките и на овој начин да добиете повеќе здравствени придобивки и да го намалите ризикот од иритација на кожата предизвикана од додавање на хемикалии.
За денес ви откриваме 6 чудесни купки за стапала, кои лесно може да ги приготвите во домашни услови, а кои ефикасно делуваат за одредени здравствени состојби:
1. Контрастни купки за отечени стапала
Различните температури на вода одлично ја поттикнуваат подобрата циркулација на крвта во нозете. Сепак, проверете дали водата што ја користите не е премногу жешка.
Земете 2 кофи и пополнете половина од првата со топла и половина од втората со ладна вода. Потопете ги нозете во топла вода 10 минути, а потоа потопете ги уште 10-12 минути во кофата со ладна вода. Вратете се назад во врелата вода и држете ги нозете таму уште дополителни 5 минути.
2. Ароматични цитрусна купка за ослободување од миризливите стапала
Не само што оваа купка ефикасно ќе се избори против лошиот мирис и потта, туку е и совршен начин за смирување на болките во нозете.
Додадете еден лимон, малку вар и една портокало (сите целосно исечени) во садот со вода. Следно, додадете 4 капки масло од мента, 4 капки масло од чајно дрво и 3 лажици сода бикарбона. Потопете ги нозете во смесата околу половина час.
3. Купка од еукалиптус за намалување на стресот
За многу кратко време откако сте ја направиле оваа купка, ќе се чувствувате порелаксирано и смирено.
За да ја подготвите истата, додадете малку англиска сол во сад полн со топла вода, а потоа додадетењ и 10-12 капки масло од еукалиптус. Потопете ги нозете 20-30 минути.
4. Билна купка за опоравување после долг ден на работа
Овој домашен лек ќе му помогне на телото правилно да функционира, особено по многу часови поминати одење или седење. Меѓу придобивките што ќе ги добиете ќе биде детоксикација и поздрава кожа. Ароматичните билки, исто така, прават чуда за кревање на вашето расположение и ќе ви помагнат целосно да се опуштите.
Подгответе ја купката со топла вода, додадете 2 лажици англиска или морска сол, 1 кафена лажица сода бикарбона, 1 кафена лажица екстра девственото маслиново масло и било какви билки по ваша желба – магдонос, рузмарин или нане. Можете да ги врзете билките со конец, така што купката ќе остане чиста.
5. Купка од лаванда за смирување на болните мускули
Лавандата е позната како природен ублажувач на болка. Оваа купка ќе помогне да се смират болните зглобови и да се опуштат мускулите, додека убавата арома ќе ви го смири умот.
Во топла вода додадете 1/2 чаша англиска сол, 2 лажици сода бикарбона и 6 капки есенцијално масло од лаванда. Потопете ги нозете во купката од 15 до 30 минути.
6. Купка од сок од лимон за ослободување од жолтите нокти
Едноставното потопување на стапалта во оваа купка може да помогне во отстранувањето на жолтите дамки од ноктите, а покрај тоа вреди да се знае дека директно триење на парчиња лимон врз проблематичните зони е исто така добар третман во овој случај.
За подготовка на купката, додајте лажица свеж сок од лимон во вода и само потопете ги прстите во смесата.