6 видови на облека кои носат негативна енергија и кои треба да ги отстраните од вашиот плакар
Според експертите, предметите околку нас содржат одреден вид на енергија, односно позитивна или негативна. Ова правило важи и за облеката во нашиот плакар.
Можеби ви се случило да забележите дека облекувањето на одредено парче ве прави да се чувствувате чудно и тој ден постојано се соочувате со непријатности.
Во тоа нема ништо чудно, бидејќи одредени видови на облека едноставно ја привлекуваат негативната енергија и ја нарушуваат среќата.
Во продолжение ви откриваме од кои 6 парчиња е потребно да се ослободите, доколку сакате да ја отстраните лошата енергија и несреќа од вашиот дом и живот:
1. Облека од минатото
Според експертите, во нашиот плакар не треба да чуваме облека од минатото, како што е облеката која сме ја носеле кога сме биле деца, односно пред многу години.
2. Стара долна облека
За старата долна облека не треба да има место во вашиот плакар. Ова особено треба да го применат луѓето кои имаат навика да ја чуваат и носат долната облека со години, бидејќи е удобна.
3. Износени пижами
Треба да одмарате и спиете во нешто удобно, но истото треба да биде квалитетно и убаво, но не и старо и веќе износено.
4. Облека од бившиот партнер
Најверојатно многу дами во нивниот плакар чуваат блуза или било какво друго парче облека од нивниот бивши партнер. Но, според екпертите, доколку сакате да продолжите со животот и да привлечете нова љубов, треба целосно да се ослободите од минатото.
5. Пожолтена бела облека
Иако белата облека е извонредна, таа со текот на времето и после долго носење, пожолтува и бидејќи не постои начин да ја вратиме нејзината блескавост, најдобро е од овој тип на облека веднаш да се ослободиме.
6. Облека на починат човек
Според експертите, ваквиот тип на облека е најдобро да ја изгорите, за да се ослободите од непријатните спомени.