6 здравствени состојби кои често ги мешаме со други болести
Понекогаш сите ние се обидуваме да бидеме свој лекар и затоа често ги мешаме состојбите со други болести. Но, во реалноста, само 20% од сериозните болести се погрешно дијагностицирани.
Не треба да си поигруваме со нашето здравје, бидејќи тоа е најважната работа во животот, па да истражиме кои 6 здравствени состојби често ги мешаме со други болести:
1. Срцев удар напроти паничен напад
Понекогаш, многу тешко е да се разликува срцев удар од паничен напад, бидејќи на прв поглед, нивните симптоми имаат заеднички карактеристики. Остра удирачка болка во градите често е индикатор на срцев удар. Во многу случаи, болката е присутна само во левата рака.
Разлики меѓу срцевиот удар и паничниот напад
- Луѓето кои се соочуваат со срцев удар имаат забрзано дишење и не паничат. Но, може да се почувствуваат многу уплашено. Пред ударот, може да почувствуваат главоболка и може да се тресат. Во случај на паничен напад, личност има чувство на изгубена контрола врз нервите и умот.
- Ако се соочувате со панични напади, вашето тело е затегнато и можеби постои и присуство на болка во мускулите.
2. Менингитис наспроти обична настинка
Менингитисот претставува воспаление на мозочните обвивки, при што е многу опасен и може да предизвика оштетување на мозокот. Затоа од исклучителна важност е рано да се открие и точно да се дијагностицира истиот. Вообичаените симптоми како температура, студени раце, болка во мускулите, главоболки и замор може да ве излажат.
Болеста често е мешана со обичната настинка, бидејќи нивните симптоми се многу слични. Внимавајте на:
- Вкочанет врат
- Конвулзии (грчеви)
- Дамки и осипи на кожата
- Чувствителност на посилно светло
3. Туберколоза наспроти обична настинка
Туберколозата сè уште е најчестата смртоносна болест во светот. Со болеста, бактериите ги напаѓаат белите дробови, но истовремено можат да оштетат и други делови од организамот. Туберколозата се проширува низ воздухот кога личноста кашла, кива или едноставно зборува. Но, температурата на личност која има туберколоза не се покачува т.е вообичаено останува до 37-37.5°C, а покачувањето е карактерстично за вечерните часови.
Симптомите како измореност, температура, ноќни потења, чувство на студ можат да ве натераат да помислите дека имате обична настинка.
Специфични симптоми кои укажуваат дека не станува збор за обична настинка:
- Кашлање кое трае повеќе од 3 недели
- Кашлање пропратено со крв
- Болка во градите или болка додека дишете и кашлате
- Ненамерно губење на тежината
4. Рак на дојката наспроти маститис
Скоро на половина од пациентите со рак, болеста предоцна им била дијагностицирана. А дури четвртина од нив дознале за својата состојба, тогаш кога ракот стасал до напредната фаза. Кога некои симптоми продолжуваат да се повторуваат често и долг временски период, тогаш не станува збор само за ослабнат имунитет. Следете го вашето тело и обратете внимание на тоа како се чувствувате.
Симптомите на рак се слични со симптомите на други болести. Така на пример, воспалителниот рак на дојката може лесно да се помеша со маститис, а и малигниот тумор на дебелото црево има слични симптоми со улцеративниот колитис т.е синдромот на нервозно дебело црево. Може да ги имате истите симптоми како маститисот, односно иритација на кожата, црвенило, болка и топлина на градата.
Обратете внимание на специфичните симптоми на ракот како:
- Гради кои ве чешаат
- Грутки или јазли кои се чувствуваат на или во внатрешноста на градите
- Грутки на градите
- Реакции на брадавиците
Често правете си домашна проверка и преглед и сами проверувајте ги вашите гради.
5. Апендицит наспроти цисти на десниот јајчник
И двете состојби се опасни и затоа е потребна точна и правилна дијагноза. И двете можат да предизвикаат ненадејна болка на долната десна страна од абдоменот, која може да предизвика големи непријатности. Најдобро е веднаш да посетите лекар, наместо да го трошите вашето време проверувајќи ги симптомите на Интернет.
Имаат некои заеднички симптоми како повраќање или температура. Но, постојат и симптоми кои јасно ги разграничуваат двете здравствени состојби.
Во случај на циста може да имате нарушување на менструалниот циклус, но во случај на апендицит може да имате:
- Тврд и затегнат стомак
- Неспособност за процесирање на гасови
6. Лупус наспроти други болести
Може да имате лупус целиот свој живот, а да не сте свесни за тоа, бидејќи симптомите често варираат- а често може ви се чини дека имате слаб имунолошки систем кој предизвикува да сте подложни на сите настинки и болести. На самите лекари им требало долги години да ја дијагностицираат оваа опасна болест, бидејќи симптомите го прават пациентот едноставно по малку болен од сите болести.
Клучната работа која треба да ја знаете е доколку имате болки во мускулите и зглобовите, кои често се појавуваат од никаде, да побарате подетален лекарски преглед. Автоимуната болест може да влијае на секој дел од телото, вклучувајќи ги и внатрешните органи. Во некои случаи, лупусот може да предизвика и оштетување на функциите на кардиоваскуларниот и дигестивниот систем.
Обратете големо внимание на следните симптоми на лупус:
- Болка во зглобовите
- Температура која се појавува без причина
- Умореност
- Болка во градите додека дишете длабоко
- Губење на косата