7 брзи маски против брчки кои може да ги направите дома
Кожата е нашиот најголем орган, а кога таа блеска, значи дека за истата сме се грижеле доволно добро. Сепак колку и да се негуваме, со текот на годините појавата на брчките е неизбежна. Но, еве како со неколку домашни трикови да ја стопираме нивната појава.
Правилната исхрана, зголемената физичка активност, непушењето и пиењето повеќе течности и вода придонесуваат превентивно во одложувањето на предвременото појавување на брчките.
Но, кога веќе истите ќе се појават, еве со кои природни состојки што сите ги имаме дома можеме да ја минимализираме нивната појава:
1. Ноќен крем од зејтин
Во сад ставете 2 кафени лажици зејтин и додајте 3 таблети витамин Е. Измешајте добро и додајте ½ лажица вазелин. Растопете ја целата смеса на водена пареа. Пред да си легнете, нанесете на вратот и деколтето.
2. Цитрусна маска
Исцедете 1 лимон и додајте 2-3 супени лажици мед. Добро измешајте ја смесата и нанесете на лицето. Оставете ја маската да се исуши, а потоа измијте со ладна вода. Практикувајте го нејзиното користење еднаш неделно.
3. Маска од белки
Одделете ги белките од јајцата и измутете ги во цврста пена. Со врвот од прстите нанесете на зоните каде што се наоѓаат брчките. Оставете ја маската 15 минути на лицето, а потоа измијте се.
4. Масажа со зејтин
Нежно масирајте го лицето со зејтин. Кожата не само што ќе омекне, туку и ќе добие потребната влажност.
5. Маска од пчелин полен
Измешајте 2 супени лажици од пчелиниот полен во ¼ чаша полномасно млеко и додајте 1 супена лажица мед и половина чаша пасирано авокадо. Нанесете ја маската и истата нека стои на лицето 20 минути, а потоа измијте ја.
6. Маска од моркови и мед
Антиоксидантите во морковот и чудотворните својства на медот се идеални партнери во борбата против брчките.
Изблендирајте 1 морков, додека да го пушти својот сок, а потоа додадете 2 кафени лажици мед. Маската треба да стои на лицето 20 минути, а потоа измијте ја.
Бонус: Вазелин за навлажнување на кожата
Нанесете тенок слој на вазелин на лицето, вратот и деколтето пред спиење. Овој производ е природен лек за кожата.