7 домашни стимуланси кои го поттикнуваат растењето и згуснувањето на косата, притоа обновувајќи ја нејзината структура
Денес, со развојот на козметичката индустрија, во продажните места ќе пронајдете бројни производи за коса, од ампули, серуми до маски и регенератори.
Но, нашите баби знаеле еден многу поефикасен начин како на природен начин да го поттикнат растењето на косата.
Купечките производи на еден начин, само ја „полираат“ косата, без да ја третираат подлабоко и без да ја обноват нејзината структура. На повеќето производи, дејството е само површно.
Во продолжение следуваат значително поефикасни домашни маски за коса, а еве кои состојки ви се потребни и на кој начин да ги приготвите.
7 домашни маски за растење на косата
1. Алое вера
Исцедете го сокот од листовите на растението и нанесете го истиот, на корените на вашата коса. По неколку часови, измијте ја косата со вода, како што тоа вообичаено го правите.
2. Јаболков оцет
Исплакнете ја вашата коса со јаболков оцет, претходно растворен во вода, а потоа исушете ја косата со фен.
3. Белка од јајце
Одделете две белки, добро измешајте ги, а потоа нанесете ги на вашата коса. Косата затоплете ја со помош на фен и завиткајте ја во крпа. Оставете да отстои 40 минути, а потоа измијте со вода.
4. Сенф во прав
Измешајте 2 супени лажци сенф во прав со 2 супени лажици вода, 2 супени лажици масло од репка, 1 жолчка и 2 кафени лажици шеќер. Нанесете ја маската на косата, потоа завитакајте ја во фолија и оставете ја да отстои 1 час, а потоа измијте со вода.
5. Коњак
Измешајте 30 мл коњак со 2 јајца и зејтин. Распостранете ја сместа на целата ваша коса и измијте по 1 час.
6. Лимон
Пригответе ја маската така што ќе измешате малку сок од 1 главица лук, 1 кафена лажица масло од репка, исцеден сок од 1 лимон и 1 жолчка. Пред да ја нанесете, загрејте ја малку смесата со топла вода, а потоа нанесете на вашата коса. Оставете да остои 1 час, а потоа измијте.
7. Цимет
Измешајте 2 кафени лажици цимет со сина глина. По ваш избор, можете да додадете и неколку капки етерично масло. Оставете да остои 1 час, а потоа измијте ја косата со вашиот омилен шампон.