7 драстични промени кои се случуваат внатре во телото, кога се прејадуваме
Иако многумина можеби не знаат, но прејадување е најчестото нарушување во исхраната кај возрасните луѓе. А тоа може да има сериозни здравствени, психолошки, физички, па дури и социјални последици.
Иако понекогаш на сите храна ни е спас од многу непријатни ситуации или со омилените грицки и благо се тешиме за некој проблем, сепак за наше добро, потребно е да водиме грижа колку и што всушност консумираме.
Во продолжение следуваат 7 драстични промени кои се случуваат внатре во телото, токму во вакви ситуации, која се прејадуваме:
1. Стомакот се вознемирува
Храната што ја консумираме потребно е да ни даде енергија, а непотребните остатоци треба да се исфрлат од организамот. Целиот тој процес се нарекува дигестија. Кога се прејадуваме, нашето тело се преоптеретува со работа, а тоа може да доведе пречести движења на цревата, што пак, може да резултира со дијареја.
Важно е и што јадеме. Бавното консумирање и бавното жвакање на храната е клучниот фактор како да ги избегнеме ситуациите на прејадување. Воедно, не треба да забораваме на хидратацијата на телото, бидејќи при празнењето на организамот, губиме и големо количество на вода.
2. Телото започнува да се вжештува, како внатре да е средина од летото
Доколку претерате со храната и јадете многу повеќе од вообичаеното и потребното, тогаш сите функции на телото ќе се зголемат т.е ќе се искачат на повисоко ниво, а телото ќе се чувствува како да е во сауна. За жал, кога се случило прејадување, не не постои начин да се спречи телото од преоптовареност. Кога метаболизамот ќе ја заврши својата работа, тогаш телото ќе се врати во нормала.
Но, за да се почувствувате барем малку, еден ладен туш би бил добро решение.
3. Големо количество на гас се формира внатре во стомакот
Кога консумираме храна, заедно со истата голтаме воедно и воздух. А кога ќе претераме со јадење, тогаш и количеството на внесен воздух е значително поголемо. Истото може дополнително да се зголеми, доколку со оброците пиеме и газирани пијалоци. Кога храната се процесира, организамот истовремено произведува и гас.
Така, сè додека воздухот не го најде својот излез надвор од телото, организамот ќе ви предизвика чувство на неудобност. За успешно избегнување на ваквите ситуации, потребно е задолжително бавно жвакање на храната при нејзиното консумирање.
4. Се чувствувате неспокојно
Постои одреден мит дека прејадувањето може да ве направи поспани, но всушност реалноста е сосема спротивна. Прејадувањето може да ве направи беспокојни, немирни и да ве остави без сон. Кога внесуваме храна повеќе од потребното, внатрешниот телесен часовн т.е циркадниот ритам може да се наруши и притоа од телото да се ослобдат хормоните кои ја регулираат функцијата на спиење.
Особено доколку сте консумирале претерано јаглехидрати, како на пр. тестенини или пита за вечера, дури и ако заспиете навремено, во текот на ноќта нивото на шеќери во крвта ќе се опадне, со што телото повторно ќе го активира чувството на глад.
Најдобро решение да се избегнат ваквите ситуации е да ја прескокнувате вечерата или пак, да консумирате нешто полесно, како салата.
5. Се појавува вртоглавица
Покрај нарушениот сон, може да се соочите и со појава на вртоглавица. Тоа се должи на фактот што за преработување на внесената храна, метаболизамот се забрзува, а со тоа и функцијата на срцето. Повторно, не постои решение за ваквите ситуации кога веќе еднаш настанало прејадувањето.
Најдобро е да консумирате повеќе течности и да легнете, за да одморите.
6. Се чувствувате нервозно, иритирано и не можете да се сконцентрирате
Појавата на чувство на нервоза и иритираност, па дури и кога се соочувате со потешкотија да се сконцентрирате на работата откако сте јаделе, е индикатор дека вашето тело се вложува голем труд за да ја преработи целата храна што сте ја консумирале. Кога се прејадувате, телото го ослободува хормонот инсулин за да го складира вишокот на шеќери, за да во иднина кога телото ќе се соочи со ниско ниво на шеќер и кога ќе ви биде потребна повеќе енергија, да може складираниот да се искористи за таа цел.
Прејадувањето може да доведе до намалување на тоа ниво, па дури и кога навистина сте претерале со храната, телото може повторно да се почувствува гладно. Во таквите ситуации најдобро е наместо тешка храна, да консумирате зеленчуци или јајца, кои ќе ве заститат.
7. Одеднаш ви се појавува пивски стомак
Најзабележителната промена по прејадувањето е малиот раст на стомакот. Отако храната ќе се процесира, стомакот ќе се врати во нормала.
Најдобриот начин да ја избегнете појавата на пивски стомак е да ја консумирате храната бавно. Тоа ќе ви овозможи подолго да уживате во храната, а воедно ќе му го даде потребното време на вашиот мозок да разбере кога телото е заситено и така ефикасно да ви сигнализира кога да престанете со јадење.