7 едноставни и ефикасни начини како да ги зацврстите градите, по слабеењето
Иако спуштените, опуштени гради се сосема природна начин на кој телото реагира по губењето на телесната тежина, многу жени знаат да се чувствуваат несигурни во изгледот токму од оваа причина.
Точно е дека ткивото на дојката не може целосно да се врати во неговата првобитна положба, но со вистинската комбинација од правилно вежбање, здрава исхрана и други дополнителни мерки дефинитивно можат да бидат од голема помош.
За да ги направите вашите гради поцврсти и конечно да се збогувате со опуштениот изглед, потребно е да ги практикувате следните совети:
1. Практикувајте вежби за целото тело, не само за мускулите на градите
Точно е дека тренирањето на градните мускули е клучот за нивно обликување и зацврстување. Но, технички гледано, не може само да ги кревате исклучиво градите бидејќи тие претежно се составени од масно ткиво и млечни жлезди.
Сепак, може да ги обликувате околните мускули, но само вежбите наменети за градниот кош нема да бидат толку ефикасни, колку вежбите за целото тело. Односно, за да го добиете посакуваниот облик на градите, потребно е да го активирате целосниот горен дел од телото.
2. Обратете внимание на вашето држење на телото
Одржувањето на правилното држење на телото не само што ве прави да изгледате подобро, но истовремено ефикасно го отстранува непотребниот стрес и притисок врз зглобовите и ткивата, што само може да придонесе за нивно опуштање. Правилното држење на телото му овозможува рамномерно да се распространи телесната тежина и на овој начин ја спречува појавата од болки во грбот.
Запомнете дека секогаш треба да стоите исправено т.е главата, рамената и грбот треба да бидат целосно во исправена позиција, а со тоа и самиот стомак ќе се обликува. Доколку имате потешкотии, замислете дека сте на лекарски преглед и потребно е да ви се измери висината, за што треба да бидете исправени.
3. Изберете го вистинскиот градник за вас, кој ќе ви ја овозможи соодветната потпора за време на вежбањето
Соодветниот градник ја овозможува правилната потребна потпора на градите и го намалува притисокот врз истите. Правилниот градник треба да го намали движењето на градите, но истовремено не треба да биде премногу затегнат, односно да не го ограничува и спречува протокот на крвта. Секогаш носете градник за време на физички активности како трчањето и вежбањето.
Имајте на ум дека градникот не треба да го носите 24/7, како на пример, кога се одмарате или имате кратка прошетка во парк. Некои истражувања покажуваат дека носењето градник цело време всушност може да придонесе за ослабнување на градните мускули и да ги направи градите да изгледаат спуштено.
4. Внесете правилни навики во исхраната и внимавајте на одржување на тежината
Се разбира, здравата и правилна исхрана самостојно не може да го спречи опуштањето и спуштањето на градите. Но, придржувањето кон добро балансираната исхрана ќе ви помогне да избегнете флуктуации во телесната тежина, кои само би придонеле кон уште поголемо опуштање на градите.
Консумирањето здрави масти како риба, ореви, авокадо може значително да ја подобри состојбата на кожата, со што самите гради ќе изгледаат поцврсто и зајакнато. Исто така, не заборавајте да пиете многу вода, која пак влијае врз подобрувањето на еластичноста на кожата.
5. Користете соодветна козметика
За жал, ниту една крема нема да направи чудо и да го 100% обнови оштетеното ткиво. Но, сепак тие може да бидат од голема помош. Одберете козметички производ соодветен за вашиот тип на кожа и не заборавајте да обратите внимание истиот да има хидратантно својство.
6. Масирајте ги градите
Масирањето на градите може да помогне во подобрување на протокот на крвта и да го зајакне ткивото на истите. Масирајте ги секојдневно градите по 10-15 минути, практикувајќи кружни движења кон нагоре. При масажата може да користите и масла за кожа. На пример, маслиновото масло е одличен извор на антиоксиданти кои ќе ја подобрат текстурата и еластичноста на кожата.
7. Доколку сте пушач, откажете ги цигарите
Пушењето цигари во голема мера придонесува за поттикнување на процесот на стареење, со што ја намалува цврстината на ткивата на градите. Пушењето цигари е директно поврзано со уништувањето на еластинот и колагенот, кои се одговорни за одржувањето на убавината на кожата. Цигарите исто така го влошуваат протокот на крвта, го намалуваат протокот на кислород и пренесувањето на хранливи материи до вашите клетки, со што се забрзува стареењето.