7 ефикасни и безбедни начини како да го прочистите вашето дебело црево и да ја зачувате вашата младост
Вашиот дебелото црево е долго околу 1.5 метри, но, колку и да е големо, повеќето од нас имаме лоша навика да не му посветуваме доволно внимание, се додека нешто посериозно не се случи.
Дебелото црево игра важна улога во нашиот секојдневен живот и поради тоа, не треба да ја занемаруваме грижата за истото.
Овие 7 безбедни начини ќе ви помогнат да го одржите здравјето на вашето дебело црево и воедно и да ја зачувате вашата младост:
1. Додадете витамин Ц во вашата исхрана
Витаминот Ц, кој се наоѓа во многу овошја и зеленчуци, може да помогне во ефикасното чистење на дебелото црево, открија научниците при едно истражување во 2015 година. Консумирајте повеќе кељ, брокула, јагоди и лимонски напитоци за здравје на вашето дебело црево и вашето општо здравје.
2. Направете ги пробиотиците корисни- Пријателските бактерии кои го штитат дебелото црево
Истражувањата покажуваат дека пробиотиците може да помогнат во спречување и евентуално лекување на рак на дебелото црево. Овие „добри бактерии“ спречуваат воспаленија и ја подобруваат конзистентноста на движењето на дебелото црево- 2 дела од здравјето на дигестивниот систем кои се поврзани со дебелото црево. Високо ниво на пробиотици може да најдете во ферментирана храна како киселото млеко, јаболковиот оцет и некои видови сирење.
3. Додадете поотпорен скроб во вашата исхрана
Отпорниот скроб, кој се наоѓа во растителната храна како компирите, оризот, мешунките, зелените банани и зрната, го обновува и штити здравјето на дебелото црево со зголемување на цревата микрофлора. Исто така, истражување од 2013-та година утврди дека отпорниот скроб го намалува ризикот од рак на дебелото црево.
4. Консумирајте повеќе вода за да ја регулирајте дигестијата
Нискиот внес на течности е честа причина за појава на опстипација. Тоа значи дека пиењето 1,5 до 2 литри вода на ден може да ја спречи оваа непријатна состојба. Друг ефикасен начин преку кој може да го снабдите телото со доволното количество на течности е да вклучите овошје и зеленчук со висока содржина на вода, како краставица, тиквички, целер, домати, диња и јагоди во вашето дневно мени.
За подеталниот план на водениот режимот, прочитајте повеќе тука.
5. Консумирајте храна со високо количество на хранливи влакна
Бројни истражувања го поврзуваат голем внес на храна богата со растителни влакна со намалениот ризик од рак на дебелото црево. Покрај тоа, оброците со високохранливи влакна ги хранат „добрите“ бактерии во цревата кои помагаат да се намали воспалението на цревата и да се подобрат дигестивните нарушувања, меѓу кои и синдромот на нервозно дебело црево, Кронова болест и улцеративен колитис.
Одредени видови на храна богати со растителни влакна што можат да го направат вашиот дебелото црево среќно се малините, зеленот грашок, брокулата, леќата, гравот и интегралните житарки.
6. Билните чаеви може да го поткрепат и заштитат здравјето на дигестивниот систем, а со тоа и здравјето на дебелото црево
За билните чаеви се вели дека се корисни за ефикасно прочистување на дебелото црево. Според едно истражување спроведено од австралиски експерти, постои директна врска меѓу консумирање на билни чаеви и намалениот ризик од рак на дебелото црево. Лаксативните билки како псилиум, алое вера и корен од бел слез може да помогнат при опстипација, но погрижете се и да разговарате со вашиот лекар пред да ги користите овие билки, бидејќи тие понекогаш можат да бидат штетни, доколку состојбата не телото не ја препорачува нивната консумација.
7. Пробајте прочистување со солена вода
Истражување од 2010-та година докажа дека солената вода ефикасно го чисти дебелото црево, особено искомбинирана и со неколку јога вежби. Пробајте го следниот метод: Секое утро, пред појадок, измешајте 2 лажички морска сол / хималајска сол во чаша млака вода. Испијте го напитокот брзо и повторете го процесот и во вечерните часови исто така.