7 игри кои можат да го зголемат интелектот на вашето дете
Би биле изненадени колку големи придобивки може да има детската игра за нашите деца и колку може да им помогне при нивниот развој. На пример, ако вашето дете сака да си игра на лекар, тоа може да покаже многу поголема емпатија кон другите деца.
Или, ако сакаат да си игра со шминка, тоа може да ја зголеми нивната самодоверба кога ќе ги достигнат тинејџерските години.
Наште деца се иднината и истите треба да бидат изложени на што повеќе позитивни работи, па токму затоа денес ви откриваме неколку детски игри што се од голема корист за вашите деца:
1. Преправањето во лекар може да ги направи вашите деца многу поемпатични
Игрите во кои децата се преправаат во некој може да биде одлична алатка за развој на мозокот, како и за социјален и когнитивен развој. Може да помогне во развој на социјалните и јазичните вештини на детето, да ја подобри неговата имагинација и да го прошири знаењето за тоа каков е светот. Преправањето во лекар е една од многуте игри со улоги со кои нашите деца можат да се забавуваат, а осигурувањето дека нивната омилена кукла или играчка е здрава може да им помогне да бидат многу поемпатичнои за кога ќе бидат повозрасни.
Другите придобивки од игрите со преправање вклучуваат развој на:
- Креативност и имагинација
- Зголемена самопочит
- Емпатија
- Вештини за размислување
- Социјални вештини
- Добро ментално здравје
- Јазични и комуникациски вештини
2. „Погоди кој“ им помага на децата да развијат логично размислување и ги учи на описни вештини
Играта „Погоди кој“ поседува многу важни придобивки од образовниот аспект за нашите деца. Освен основните придобивки од овие игри, како што е менувањето и чекањето свој ред, следењето правила и развивање на спортскиот дух, играта може исто така да ги:
- Научи децата како да разликуваат боја
- Научи децата како да идентификуваат спротивности, како што се „голема уста“ и „мала уста“
- Научи децата со описни вештини, како опишување на црти на лицето и коса
- Подобрување на артикулацијата
- Развој на логично размислување
3. Играњето со шминка може да им ја згoлеми самодовербата на децата
Играњето со шминка може да биде многу важно за самодовербата на вашето дете кога ќе порасне. Играњето со шминка може да придонесе за зголемување на самодовербата бидејќи вашето дете ќе се чувствува вклучено во она што го правите, ќе се забавува дека учествува во активност со својата омилена личност, ќе добие големо внимание и ќе добие пофалби за добро завршената работа.
4. Сложувалките можат да го спречат когнитивното стареење
Сложувалките се едни од најдобрите игри за играње со детето – не само што се забавни, туку и активноста може многу да влијае врз когнитивните способности. Тие исто така ги намалуваат шансите за развој на ментална болест, како што се губење на меморијата, деменција или Алцхајмерова болест.
5. Шахот ќе ги научи децата на стратегија и решавање проблеми
Шахот е уште една неверојатно корисна игра за децата. Се разбира, тој бара голема стратегија, решавање проблеми и критичко размислување, но според едно истражување, шахот исто така може да помогне со многу побрзо обработување на информациите.
6. „Војна на бродови“ може да го зголеми логичното и критичкото размислување
„Војна на бродови“ бара многу рационално, логично и критичко размислување. Детето мора да направи многу избори како на пример, да ја избере позицијата од која ќе пука, да ги следи разменетите напади и каде следно да го постави бродот.Сите овие придобивки се причината зошто оваа игра е одлична за децата.
7. Игра со зборови (Scrabble) – Го збогатува вокабуларот на децата и ја подобрува нивната меморија
Scrabble го збогатува вокабуларот на децата, ја подобрува меморијата и според едно истражување, оние кои многу ја играат оваа гира користат различен дел од мозокот при донесување лексички одлуки од оние што воошто не ја играат.