7 извонредни, но и помалку познати промени кои може да им се случат на мајките после породувањето
За мајките, целото искуство на раѓање на своето дете e најголемиот подарок во нивниот живот. Со самата бременост и детето се раѓаат и промените, особено промените на телото. Доколку сте мајка, во прилог прочитајте кои помалку познати, но неверојатни промени ви се случиле, а можеби не сте забележале.
Покрај стандардно познатите постпородили симптоми како стрии и можно опаѓање на косата, еве кои 7 промени исто така е возможно да настанат по породувањето
1. Може да почувствувате фантомски фетални движњеа
Не сите, но дел од жените после породувањето можат да почувствуваат повторно “клоцање” во стомакот, исто како го го носеле своето бебе. За ова не постои објаснување, освен теоријата дека телото премногу се навикнало.
2. Текстурата и бојата на вашата коса може да се промени
Иако опаѓањето на косата за време на и после бременоста се смета за честа појава, неретко на жените им се променува и бојата, како и текстурата на нивната коса. Од виткава може да стане сосема права.
3. Може да се сменат и вашите преференции и вкусеви кон храната
Може сте забележале дека храна што претходно не сте ја поднесувале, сега магично станала вашата нова омилена храна. Тоа се должи на промена на сетилото за вкус како резултата на хормонските промени или пак, некои мајки развиваат нови нетолеранции и алергии кон одреден тип на храна.
4. Мирисот на вашето тело
Дел од жените изјавиле дека почувствувале дека мирисаат поинку. Ова го искусиле после породувањето.
5. Вашите заби може да станат повеќе подложни на кариес и забни заболувања
Ова се должи на неколку причини, како киселините што настануваат како резултат на утринските мачнини, количеството шеќер што мајките го консумираат во текот на бременоста и зголемувањето на нивото на одредени хормони.
6. Вашите колкови може да станат пошироки
Дел од мајките забележале дека нивните колкови се прошириле откако се породиле. Оваа појава настанува како резултат на промените во хормоните кои предизвикуваат лигаментите да омекнат и да се прошират.
7. Одеднаш носите нов, поголем број на чевли
Познато е дека во текот на бременоста скоро секој дел од телото на жената отекува, и додека потечените делови после породувањето се враќаат во првобитната состојба, помалку познато е дека постои можност стапалата да останат во сегашната состојба.