7 модни совети за дамите над 40 години, кои ќе им помогнат да изгледаат беспрекорно во текот на целата година
Со текот на годините, секој се променува, како и внатрешно, така и на надворешен план. Ваквите промени особено влијаат врз дамите, кои секогаш сакаат да изгледаат соврешено.
Разните козметички третмани, употребата на шминка и промена на фризура, се дел од работите кои дамите ги практикуваат со цел визуелно да ги намалат годините од нивниот надворешен изглед.
Според светските експерти и стилисти, наместо да се борите со промените кои доаѓаат со текот на времето, истите треба да ги прифатите, а тоа најдобро и на најелегантен начин може да го сторите преку правилниот избор на облека за вас.
За денес ви откриваме 7 модни совети, кои ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно во зимските денови
1. Изберете неутрални тонови
Првото нешто на кое треба да обратите внимание при изборот на правилна облека за вас е нејзината боја. Препочитајте да изберете парчиња во неутрални тонови, како бело, црно, сиво и беж. Овие бои ќе ве направат да изгледате софистицирано, а притоа лесно може да ги комбинирате со било кои други бои, како на пример, црвена, сина, кафеава и сл.
2. Облеката треба да биде удобна
Често пати прекумерениот модерен изглед го дава токму спротивниот ефект, односно личноста која се труди да биде облечена по најновите трендови, наместо модерно, изгледа како да се обидува да ја сокрие возраста.
За дамите над 40 години, светските стилисти советуваат дека секогаш треба да избираат елегантна облека, која го претставува нивниот личен вкус и стил, но истата пред сè треба да биде удобна.
3. Фустаните треба да доминираат во вашиот плакар
Без разлика дали сте домаќинка или жена со кариера, фустаните треба да доминираат во вашиот плакар. Основите модели на истите треба да бидат во смирувачка, неутрална боја, која најмногу ви одговара вам, а кројот исто така треба да биде еднставен и да прилега на вашата фигура.
4. Правилен избор на здолниште
Кога избирате здолниште, не заборавајте дека мини здолништето, како и претесните модели не се еликсир на младоста и воопшто нема да ви бидат од помош, туку сосема спротивното.
За дамите над 40 години, дозволени се секаков вид на крој и дизајни, а најдобар според стилистите, е моделот на т.н „молив“ класичното здолниште.
5. Совршен струк на панталони
Не постои простор за дискусија дали една дама на 40 години може да носи фармерки и панталони со низок струк, бидејќи според стилистите, тоа е недозволена модна грешка. Секогаш претпочитајте го средниот и висок струк, а воедно не ја заборавајте и должината, односно панталоните не треба да ви бидат предолги.
6. Палто
Изберете класична форма, по можност твид, како што носела легендарната Коко Шанел. Тоа ќе ве направи отмени, истовремено и неверојатно модерни.
7. Модни додатоци
Кога веќе сте над 40 години, потребно е да започнете да избирате висококвалитетни модни додатоци, како елеганти кожни чанти, убав отмен накит и слично, без премногу бои и детали.