7 необични вагинални мириси, кои ниту една жена не треба да ги занемарува
Експертите вообичаено знаат да кажат, дека и покрај тоа што на многу жени им зву звучи смешно, но сосема е точно дека здравата вагина едноставно треба да мириса на вагина. А истите може да користат бројни производи, но таа сепак нема да мириса на цвеќе.
Иако можеби е грубо кажано, сепак гинеколозите се сложуваат дека тоа е едниствениот начин, жените кои претеруваат со третаманите за подобрување на мирисот, да сфатат дека треба да го негуваат, а не уништуваат своето интимно здравје.
Воедно, вагиналните мирис може многу да откријат за вашето здравје. На некои од нив треба да се обрати посебно внимание, бидејќи може да бидат индикатор на инфекции, за кои е потребен итен лекарски третман.
Во продолжение следуваат 7-те необични вагинални мириси, кои ниту една жена не треба да ги занемарува
1. Мирис на белило
Некои презервативи со лубриканти може да придонесат за појавата на мирис при вагината, која наликува на мирисот на белило. Во таквите ситуации, нема потреба да се грижите, овој мирис не е индикатор за некакво заболување, само сингал дека следниот пат треба повнимателно да ги изберете видот на презервативот.
2. Сладок мирис, сличен на меласа
Да, вашата диета може да влијае врз вашиот вагинален мирис. На пример, цитрусните овошја како што се портокалите, ананасот и грејпфрутот значително влијаат врз засладувањето на миризбата на вагиналната течност, а лукот, кромидот и брокулите, сосема спротивно
3. Мирис на мошус
Мирисот на вагината може да варира во текот на целиот ден. На пример, доколку активно тренирате, миризбата ќе стане помускусна, поради влагата произведена од потните жлезди, близу до интимната зона.
4. Мирис на риба
Доколку почувствувате непријатна мирис на риба, која притоа се засилува по практикувањето интимни односи, а е пропратена со обилни секрети, тоа може да биде индикатор за вагиноза или млечница. При оваа здравствена состојба, бактериите започнуваат да се размножуваат, нарушувајќи го нормалниот pH баланс на вагината. Но, без грижи, состојбата лесно се лекува, со примање на соодветни антибиотици.
5. Бакарен/ Метален мирис
Сосема нормално е, доколку за време на менструалниот циклус, вагината е со метална нијанса и мирис. Доколку забележите значителна промена на мирисот на вагината при овулација, тогаш потребно е да обратите посебно внимание на вашето интимно здравје и да проверите да не започнало нерегуларно крварење.
6. Мирис на леб или пиво
Мало количество на квасни габи вообичаено се содржат во вагината, но при падот на имунитетот, тоа може да предизвика нивно активно растење. Посебен вид на гнојна инфекција може лесно да се манифестира при самите секрети, кои добиваат текстура која наликува на урда. Вообичаено таквата инфекција исчезнува сама по себе, но доколу продолжи да трае повеќе од една недела, задолжително посетете гинеколог.
7. Силен мирис на скапано
Д0колку вагиналниот мирис се променил до тој степен, тоа означува дека внатрешната температура на телото се зголемила и се соочувате со спазми во долниот дел од стомакот, што може да биде индикатор и на воспаление на тамошните органи. Честа причина може да бидат и полово преносливи болести како гонореја или хламидија, при кои започнале бактерии да се движат низ репродуктивните органи. Таквите болести може да доведат до низа непријатни последици како неплодност или хронична болка, при што потребно би било итно применување на соодветен третман.