7 предупредувачки знаци кои укажуваат дека следува мозочен удар
Мозочниот удар е 5-та најчеста причина за смрт, според светските статистики, а доколку не е со фатален крај, тогаш доведува до животна неспособноста и измачување.
Констатирано е дека луѓето над 55-годишна возраст е најподложни да добијат удар од овој вид, а колку повеќе се зголемува бројката на години, толку поголеми стануваат и шансите за негово добивање.
Како настанува мозочниот удар?
Мозочниот удар настанува кога крвните садови преку кои се пренесува кислород до мозокот се блокираат или се распрснуваат. Недостатокот од кислород ги убива мозочните ќелии и дел од телото кој е контролиран од истите, престанува да работи.
Кога крвните садови се блокирани само на краток временски период тоа се нарекува минлив исхемичен напад. Тоа се мали удари односно предупредувачки удари и најчесто се појавуваат пред да се случи еден голем мозочен удар.
Кои се раните и предупредувачки симптоми на мозочен удар?
Раното препознавање на симптомите е од исклучителна важност по самиот живот на личноста. Среќа, сите овие знаци се лесни за паметење и идентификување, а еве ја нивната листа
- Вкочането лице: Дел од лицето се вкочанува и не реагира. Насмевката на личноста изгледа нееднакво.
- Изморени раце: Едната рака ќе ја чувствувате ослабната, без енергија, па дури и вкочанета.
- Отежнат говор: Личноста ќе има потешкотии во зборувањето, а нејзините зборови нема да бидат многу разбирливи, а ќе има и проблем со повторување на најобични реченици.
- Збунетост: Ако оддеднаш се соочите со проблем да разберете едноставни работи од секојдневието, тоа може да биде предупредувачки знак за мозочен удар.
- Проблем со видот на едното или и двете очи: Ударот може да влијае и врз делот од мозокот кој управува со видот
- Отежнато одење: Во еден момент се чувствувате добро, но веднаш во следниот ви се врти во главата, тешко чекорите и немате рамнотежа
- Ненадејна силна главоболка: Мозочниот удар може да предизвика силна ненадејна главоболка без никаква видлива причина