7 природни начини да ги задржите пајаците и инсектите подалеку од вашиот дом
Разните инсекти и пајаците знаат да ни предизвикаат вистинска главоболка и да го направат нашиот дом да изгледа нечисто.
Иако првата помисла е да ги употребиме средствата наменети токму против инсектите, сепак често, хемикалиите кои ги содржат може да бидат штетни за нашите малечки и милениците. Исто така, тие се штетни за животната средина, како што покажаа бројни истражувања.
Природниот начин за ослободување од штетниците се смета како најдобар, а денес ви откриваме како лесно и едноставно да ја зачувате беспрекорноста на вашиот дом, користејќи природни средства за да се ослободите од здодевните инсекти.
1. Запознајте ја вашата градина со бубамари
Иако бубамарите исто така се инсекти, сепак подобро нив да ги имате во тревникот отколку други видови на инсекти, како пајаците. Овие бубачки со светла боја ефикасно ги елиминираат штетниците и исто така ја елиминираат храната што извор на енергија на истите, при што на овој начин ги принудуваат другите инсекти да бараат дом на друго место.
2. Користете масло од нане за да ги исплашите штетниците
Маслото од нане е силно и ефкасно средство во борбата против на инсектите. Но, истото може да предизвика иритација на кожата кај луѓето и домашните миленици. За да се избегне оваа непријатна последица, се препорачува да го разредите маслото, така што ќе го измешате со вода. Посипете ја оваа моќна смеса на места каде што очекувате да се кријат пајаци и други инсекти. Исто така, испрскајте ја по прозорците и вратите.
3. Направете свој природен спреј против штетниците
Можете да направите свој природен спреј против здодевните инсекти. За да го подготвите, добро измешајте јаболков оцет, масло, бибер и течен сапун во шише кое функционира на принципот на спреј. Нанесувајте секој втор ден од овој раствор во вашиот дом. Исто така, не заборавајте да нанесете по прозорците и вратите, така што инсектите ќе бидат принудени да стојат подалеку од вашиот дом.
4. Одржувајте ја хигиената во вашиот дом
Сите ние знаеме дека здодавните инсекти најмногу обожаваат да движат на нечисти места, па за да го спречите ова, редовно одржувајте ја хигиената на вашиот дом. Чистете го праваот барем еднаш неделно и не заборавајте да ги исчистите и тешко достапните места, како што е просторот под креветот. Отстранете ја пајажината каде и да ја здогледате.
5. Вдомете мачка
Мачките се слатки, но тие исто така се и предатори. Тие ќе го избркаат секој инсект што ќе го видат. Да се има мачка во домот, не само што значи дека ќе имате најдобар крзнен пријател, туку и дека вашиот дом ќе биде заштитен од инсекти.
6. Поставете лушпи од цитрусни овошја околу вашиот дом
Свежиот и силен мирис од цитурсните овошја е нешто што многу ги иритира инсектите. Може да употребите кора од портокал, лимон или и сл. Поставете ги околу вашиот дом, во близина на вратите, прозорците, полиците и другите места од каде се сомневате дека инсектите би можеле да влезат во вашиот дом. Имајте на ум дека е потребно лушпите да се заменат на секои 48 часа.
7. Користете ги многуте есенцијални масла што ги одбиваат инсектите
Многу есенцијални масла имаат природни својства за одвраќање на инсектите. Но, тие исто така можат да предизвикаат иритација на кожата кај луѓето, особено кај бебињата и домашните миленици. За да го избегнете ова, наместо да ги нанесете директно, измешајте ги најпрво со вода за да го разредите маслото, а потоа испрскајте го на потребните површини.
За најмоќно есенцијално масло против инсектите се смета маслото од еукалиптус.