Понекогаш повеќето луѓе забораваат дека, дебелото црево е исто толку важно, како што е црниот дроб, бубрезите и срцето.

Неговата основна функција се заснова на образувањето тврди фекални маси од неразградени остатоци од храна и нивото исфрлање надвор. Во просек, тој процес трае 15 часа.

Здравјето на дебелото црево е од голема важност за целокупното здравје на дигестивниот систем.

Придобивките од прочистувањето на дебелото црево помагаат во превенцијата од опстипација, го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево, ја зголемуваат енергијата, ја подобруваат функцијата на црниот дроб, го зголемуваат имунитетот, го забрзуваат метаболизамот и го забрзуваат процесот на слабеење.

Природни средства за целосно и ефикасно прочистување на цревата

1. Солена или обична вода

Без сомнеж, консумирањето големо количество вода помага во регулирање на дигестијата. Истовремено, водата му помага на дебелото црево да се ослободи од наталожените токсини. Доколку пиете обична вода, тогаш потребно е тоа да биде во количество од 6-7 чаши дневно. Солената вода, од друга страна, им помага на луѓето кои често страдаат од опстипација и ги активира цревата. Пред вашиот појадок, измешајте 2 кафени лажици морска или хималајска сол со топла вода и секое утро, консумирајте ја смесата на празен стомак. Напитокот не се препорачува на луѓето кои страдаат од хипертензија.

2. Јаболков оцет

Јаболковиот оцет има антиоксидантски и антибиотски својства, кои го поттикнуваар растот и развојот на здравите цревни бактерии во дебелото црево и истовремено ефикасно помагаат во прочистувањето на цревата. Јаболковиот оцет ја содржи т.н бактерија Acetobacter, која ја обновува функцијата на дигестивниот систем.

Додадете 1 супена лажица јаболков оцет во чаша топла вода. Измешајте, а потоа додадете 2 супени лажици мед. Напитикот консумирајте го наутро.

3. Лимонска вода

Лимоните се богати со витамин Ц, кој го забрзува метаблизамот и го поттикнува процесот на детоксификација. Содржат лимонска киселина, која помага за развојот на желудечните сокови, кои се клучни за правилна дигестија. Се препорачува наутро да се пие топла вода зачинета со сок од лимон.

4. Свежо овошје зеленчук и напитоци од истите

Зеленчуковите и овошните сокови содржат многу хранливи влакна, нутритивни својства, фитохемикалии и природна шеќер, кои на многу ефикасен начин, помагаат во прочистувањето на дебелото црево. За да консумирате што е можно повеќе хранливи влакна, пред да ги ставите плодовите во блендер, не ја отстранувајте нивната кора. Постојат бројни идеи како може да си приготвите ваков природен напиток, пр. со комбинирање на цвекло, морков, краставица и домат, или грозје, лимон, киви и јаболко.

5. Сок од алое вера

Природниот состав на сокот од алое вера помага за обновување на дигестивната функција на цревата и ефикасно ги отстранува токсините од телото. Нутритивните својства, ензимите и антиоксидантите, кои влегуваат во составот на оваа чудесна билка, брзо и лесно го прочистуваат и дебелото црево.

За подготовка на сокот од алое вера, потребно е да додадете 200 мл гел од алое вера во блендер, а потоа да додадете и чаша вода. Добиената смеса се консумира во многу мали количества.

6. Билни чаеви

Ѓумбирот, лутиот црвен пипер и лукот содржат антимикробни својства и фитохемикалии, кои може да го спречат размножувањето на штетните бактерии внатре во дебелото црево. Бројни истражувања ја покажуваат директната врска меѓу консумирањето билни чаеви со намалениот ризик од рак на дебелото црево.

Пример, може да пиете чај од ѓумбир трипати дневно, а тоа ќе ви помогне за краток временски период да ги исчистите вашите црева од токсини.

7. Рицинусово масло

Рицинусовото масло содржи рицинолна киселина, која има својство на детоксификација и помага во процесот на слабеење и прочистување на цревата. Ги отстранува токсините насоберени во дебелото црево.

Се препорачува да се консумира смеса од 1-2 супени лажици рицинусово масло со сок од портокал, во еднакво сооднос, секое утро, на празен стомак.

Важно

Внимавајте да не претерате во консумацијата на сите овие набројани средства, бидејќи нивната преукмерена консумација може да резултира со спортивен ефект, да создаде спазми и дисбаланс на електролитите во телото. Доколку се претера, може да се јави чувство на слабост, надразнетост, нагон за повраќање, гадење, зашеметеност. Пред прочистувањето на дебелото црево, консултирајте се со вашиот лекар и направете преглед, за да ја утврдите точната причина.