7 работи кои соништата можат да ги откријат за вашето здравје
Вообичаено, повеќето не размислуваат многу за соништата кои ги имале во текот на ноќта. Но, еве зошто е важно да се потрудите да се потсетите што сте сонувале претходната ноќ.
Соништата се важни, а особено се од голема важност ако сте сонувале нешто поврзано со вашето здравје. На пример, може сте сонувале како ви паѓа косата. Тоа симболично може да се толкува на многу начини, но исто така може да значи дека се соочувате со некои здравствени проблеми за кои не сте свесни.
Соништата доаѓаат од потсвеста, па можеби навистина се трудат да ви пренесат нешто.
Еве на кои 7 различни начини соништата можат да бидат важен индикатор за вашето здравје:
1. Болни сте
Ова се однесува на ситуации на грип, настинка и слично. Соништата можат да бидат показател дека имате температура. Вообичаено, високата температура се поврзува со главоболки, при што на овој начин, многу луѓе кои страдаат од хронична мигрена, пред истата да се случи, имаат кошмари.
2. Вашето ментално здравје не е во најдобра форма
Ако страдате од депресија, биполарно нарушување или било каков вид на нарушување, истото тоа може да предизвика да имате чудни сонови. Не е невообичаено, луѓето кои страдаат од некакви нарушувања да имаат кошмари или соништа од кои се будат во ноќта. Според многу медицински и научни истражувања, ваквите соништа биле директно поврзани кај луѓето чие ментално здравје не било во најдобра форма.
Па така, доколку сонувате сонови од ваков карактер, најдобро е да посетите лекар, за да го проверите вашето здравје.
3. Можеби сте бремена
Општо познато е дека бремени жени сонуваат многу повеќе од останатите. Тоа е особено точно ако вашите соништа се вознемирувачки. Не толку важно што гледате во соништата, туку едноставно е докажано дека бројот на соништа кај бремените жени е значително поголем од оние кои не се бремени. А уште едно истражување покажало дека, доколку во текот на бременоста сонувате многу, тогаш породувањето ќе ви биде полесно.
4. Под стрес сте
Сите знаат дека стресот е причина број 1 за сите здравствени проблеми. Ако сте под голем стрес дома, на работа, во училиште или општо од личниот живот, не се изненадувајте ако забележите некои промени во вашето тело.
Ако соништата започнале откако сте се соочиле со огромен стрес, тоа е сосема нормално. Ако најчесто сонувате како доцните за јавниот превоз, губите нешто важно, таквите сонови се индикатор за стрес.
5. Можеби имате недостаток на квалитетно спиење
Недостатокот или депривацијата од квалитетно спиење е нешто со кое сите порано или подоцна се соочуваат. Станувањето рано за работа или училиште дефинитивно не придонесуваат да ги добиеме потребните 8 часа сон. А колку и чудно да звучи, имањето кошмари во овој случај е токму индикатор, дека спиете неквалитетно.
Во најлош случај, неквалитетното спиење може да доведете до т.н парализа во сон, состојба при која мозокот се буди порано до самото тело. Таа е краткотрајна, но искуството е застрашувачко. Сепак, само е индикатор дека ви е потребен добар, долг и квалитетен сон.
6. Хормонски дисбаланс
Кошмарите можат да бидат индикатор и дека вашето тело се соочува со хормонски дисбаланс. А доколку се сомневате за таквата состојба, посетете лекар за да ја проверите вашата крв. Исто така, чудните соништа можат да бидат честа појава пред менструација. А будењето во текот на ноќта не е само затоа што предменструалните болки предизвикуваат неудобност, туку затоа што и соништата се од застрашувачки и чуден карактер.
7. Можеби имате гастроезофагеална рефлуксна болест
ГЕРБ претставува хроничен симптом на мукозно оштетување предизвикано од враќање на желудочната киселина од желудникот во хранопроводот. Овој проблем е доста честа појава кај многу луѓе и може да се реши со соодветен лекарски третман и лек.
Киселините во стомакот исто така можат да предизвикаат нелагодност при спиењето и да влијаат врз појавата на кошмари, чудни соништа, од кои пак ќе се будите повеќе пати во текот на ноќта.