7 работи кои жените не треба да ги прават во ниту еден случај, за време на менструалниот циклус
За време на менструацијата, постојат одредени работи кои едноставно жените не треба воопшто да ги прават, бидејќи тогаш се наоѓаат во најчувствиелните денови од месецот.
Еве кои се тие:
1. Не се депилирајте
За време на менструалниот циклус, нивото на естроген во женското тело значително се намалува, при што секоја физичка болка многу повеќе ја чувствувате во тој период, бидејќи самото тело станува премногу чувствително.
Затоа една едноставна депилација може да биде многу болна. Поради истите причини, во тој период им се препорачува на жените да ја избегнуваат посетата на заболекар.
2. Не гледајте драми
Не е никаква тајна дека за време на менструација, жените имаат многу променливо расположение. Понекогаш во тие денови се менуваат до непрепознатливост. Тоа е затоа што телото се наоѓа во хормонски дисбаланс и се обидува да се прилагоди на ситуациите, но мозокот не знае како да реагира.
Различните телевизиски сапуници исполнети со многу драма се вистинскиот рецепт доколку сакате да се чувствувате уште полошо. Тие го зголемуваат нивото на чувствителност и затоа најдобро е во тој период да гледате комедии.
3. Бидете поактивни
По некое непишано правило, девојчињата во училиште често претпочитаат да отсуствуваат од часовите по физичко образование, во периодот на менструалниот циклус. Но, лекарите и експертите ве советуваат да го правите токму спротивното- да ја зголемите активноста за време на менструација. Тоа ќе ви помогне полесно да се справите со болката, грчевите, чувствителноста и промените во распложението.
4. Избегнувајте млечни производи
Иако калциумот е корисен за време на менструалниот циклус, сепак млекото не е. Производите како пресното млеко, киселото млеко и сирењето содржат архаидонска киселина, која може да предизвика дополнителни стомачни болки.
5. Често менувајте ги средствата за хигиена
Иако на самите амбалажи од тампоните и влошките е напишано дека нивната трајност е до 8 часа, сепак од исклучителна голема важност е истите да ги менувате на секои 3-4 часа. Тоа ќе ја намали неудобноста и ќе го спречи развојот на бактерии, кои предизвикуваат и непријатна миризба.
Предолгото користење на еден ист тампон или влошка може да резултира со појава на токсичен шок, кој се должи на стафилококните бактерии. Оваа појава е многу ретка, но сепак и многу опасна.
6. Не мислете дека калориите за време на менструалниот циклус не се бројат
Вистина е дека жените за време на оние денови од месецот можат да се здебелат неколку килограми, поради задржувањето на течностите во организамот. Но, веднаш што менструалниот циклус ќе заврши, тежината се враќа во својата нормала.
Но, доколку сте си дозволиле да консумирате претерано повеќе калории од потребното, тогаш тие килограми и по завршувањето, ќе останат наталожени.