7 секојдневни навики што треба да престанете да ги правите со вашите забите, доколку сакате истите да бидат здрави
Глеѓта на забите е најсилната супстанца во нашето тело. Но, и покрај нејзината сила, нашите заби сè уште можат да се оштетат.
Откако сите млечни заби ќе испаднат, можеби ќе сакате двапати да размислите пред да одлучите да отворите нешто со забите или да продолжите со претераната консумација на коефин.
Денес ви откриваме кои работи многумина од нас многу често ги прават не сфаќајќи дека можат да влијаат врз забите на штетен начин:
1. Прекумерено консумирање на темни производи
Пијалоците како кафе, црвено вино и црн чај содржат состојки наречени танини. Тие создаваат соединенија во боја и ги поттикнуваат истите да се прилепат на забите и, според тоа, може да доведат до пожолтување.
2. Погрешно или прерано четкање на забите
- Не ги четкајте забите премногу напорно. Тоа може да ги оштети нив, како и непцата и да доведе до зголемена чувствителност на забите.
- Одењето од лево кон десно не е доволно. Ова е точниот начин: Започнете од непцата одете нагоре и надолу во мали кружни движења. Направете го тоа околу 2 минути и не го заборавајте четкањето и на тешко достапните места.
- Не ги четкајте забите веднаш после јадење. Храната што содржи киселина може да ја ослабне вашата глеѓ, така што четкањето може да ја оштети и притоа да овозможи киселината да се впушти под забите.
- Не ја плакнете устата после четкање, затоа што на овој начин ќе го отстраните флуоридот што ги штити забите.
- Не користете ниту една четка за заби премногу долго. Променете ја барем на секои 3 до 4 месеци, во спротивно четкањето ќе биде помалку ефикасно.
3. Користење на забите за отворање на разни работи
Користењето на забите како алатка за да отворите шише пиво или да отсечете ознака за облека може да биде многу штетно и да резултира со кршење на забите.
4. Лоши навики
- Гризење на ноктите може да ги оштети непцата и да предизвика забите да се скршат, па дури и да се поместат. Џвакањето на други предмети кои не се наменети за јадење, како моливи и пенкала, исто така може да има сличен резултат.
- Силното притискање и триење на забите може да предизвика фрактури, проблеми со вилицата, па дури и да го промени изгледот на лицето.
5. Неправилно чистење со забен конец
Чистењето на забите со забен конец може да ви помогне во отстранување на парчиња храна на потешко достапни мест и да го спречи формирањето на кариес и заболување на непцата. Меѓутоа, некои луѓе неправилно ја изведуваат оваа техника, со што повеќе им прават штета на забите, отколку добро.
6. Постојано консумирање грицки
Доколку често консумирате грицки, киселината во храната ќе има повеќе време да биде во контакт со забите и да ги оштети, при што на овој начин ќе предизвика кариес.
7. Неправилно или пречесто избелување на забите
Најбезбеден начин да ги избелите забите е да одите кај квалификуван стоматолог. Доколку одлучите да купите производ за избелување и самостојно да ја направите постапката, проверете дали знаете како да го направите тоа правилно. Во спротивно, чувствителноста на забите може да се зголеми и може дури да ги воспалите непцата. Најпрво консултирајте се со вашиот стоматолог, особено ако имате било какви проблеми со забите, како што се расипани заби или заболување на непцата.