7 ситуации во кои принцезата Дијана ги прекрши кралските родителски правила
Покојната принцеза Дијана e најмногу позната по тоа што беше бунтовна, но сепак инспиративна фигура во британското кралско семејство. Се вели дека таа прекршила повеќе кралски протоколи отколку што можеме да изброиме на прсти. Сепак и неколку децении по нејзината смрт, целиот свет ја користи за пример!
Во продолжение прочитајте против кои кралските правила за родителство и воспитувањето на децата се побуни принцезата Дијана, а кои денес сè уште ги следат нејзините синови и снаи.
1. Таа се породи во болница
Принцезата Дајана беше прва во кралската историја која ја прекина традицијата на породувањето во домашни услови. Наместо да се породи на кралската палата, принцезата го роди принцот Вилијам во болницата Сент Мери во Лондон. Додека пак, за раѓањето на својот втор син, принцот Хари, принцезата Дајана се одлучи да не зема никакви лекови против болки за време на породувањето. Овие настани ги направија нејзините синови први кралски членови родени во локална и општа болница.
2. Таа ги стави своите деца на прво место, пред нејзините кралски должности
Еднаш беше кажано дека принцезата Дајана „не сака да биде ништо повеќе освен да е мајка“. Во едно интервју, нејзиниот покоен татко, Џон Спенсер се присети дека таа отсекогаш сакала бебиња и мали деца. За разлика од другите кралски членови кои се фокусираа на своите должности и работата, принцезата секогаш се грижеше да биде тука за своите деца и да ги става на прво место, пред сè и сите. И покрај протоколот за јавните настани и неодобрувањето од кралските членови, принцезата Дајана никогаш не престана да ја искажува љубовта кон своите деца постојано држејќи ги и гушкајќи ги и во јавност.
3. Ги испрати своите синови во училиште
Принцезата Дијана исто така беше и прва од редот на кралските членови која гиа ги испрати своите синови во државно училиште. Принцот Вилијам стана првиот наследник на кралскиот трон кој не доби домашно приватно образование.
4. Ги носеше момчињата на службени патувања
Принцезата Дајана го постави трендот кога го однесе 9-месечниот принц Вилијам на турнеја во Австралија и Нов Зеланд. Пред овој настан, вообичаено беше кралските деца да остануваат дома додека нивните родители патуваат на службени деловни патувања. До денес, нејзините деца принцот Вилијам и принцот Хари, исто така, ги носат своите деца на официјални патувања и настани.
5. Таа им се обраќаше на децата на ниво на очите
Со својата неизмерна љубов кон децата, принцезата Дајана не само што го покажуваше тоа, туку дури и децата ја чувствуваа нејзината љубов. Една од нејзините вообичаени навики беше да се наведне за да биде на исто ниво со децата со кои разговараше, не само со своите деца, туку и со другите кои исто така ги посетуваше. Денес нејзините деца ја практикуваат истата навика.
6. Ги изложи принцовите на обичниот живот
Иако принцезата Дијана е родена во кралско благородништво и на крај се омажи во кралско семејство, таа сакаше животот на нејзините деца да биде што пообичен. Според некои членови на кралскиот персонал, принцезата правела сè за да им дозволи на нејзините синови да доживуваат секојдневни работи како одење во кино, да стојат во ред за Мекдоналдс, да одат во забавни паркови и да скокаат на креветот со неа во пижами.
7. Пред сè, остана практична мајка
Од доењето на нејзините деца при раѓање до нивното нивното носење на патувања и прилагодување на распоредот според нејзините синови, принцезата Дајана е олицетворение на модерната практична мајка. Еден од нејзините познати цитати едноставно вели: „Не ме нарекувај икона. Јас сум само мајка која се обидува да помогне.“