7 совети против запек
Спортувајте
Сите знаеме дека физичките работи се корисни за срцето, но ретко кој знае дека тоа е добро и за желудникот. Со редовните физички активности успешно се справувате со запекот, бидејќи благодарение на нив храната побрзо се движи по цревата.
Внимавајте со лаксативите
Лаксативните средства уживаат широка популарност, бидејќи обично се ефикасни. Но, имајте на ум дека кон нив се развива зависност. Ако земате премногу често слични хемиски средства, желудникот се привикнува кон нив и запекот се продлабочува. Затоа заборавете на хемиските, а преферирајте растителни лаксативи – обично тие содржат влакна во суперконцентрирана форма и кон нив не се развива зависност. Лекарите предупредуваат дека тие треба да се земаат со многу вода и да се чита внимателно упатството, бидејќи и кај нив постои ризик од појава на ‘мрзливи’ црева.
Извршете увид на лекарствата и прехранбените адитиви кои ги земате
Постојат многу лекови кои може да предизвикаат или да го влошат запекот. Меѓу најпознатите виновници се антациди, лекови кои содржат алуминиум или калциум, антихистаминици, лековите против паркинсонова болест, додатоците со калциум, диуретиците, некои антидепресиви.
Внимавајте на храната
На пример, млекото може да предизвика запек кај некои, а кај други – тешка дијареја. Пратете ги реакциите на телото кон храната и консумирајте само производи, од кои се чувствувате добро.
Внимателно со билките
Постојат многу билки за борба со запек. Многу добро делува Алоето (сок, а не гел), корен од глуварче, псилиум (индиски тегавец). Но, треба да се внимава, бидејќи и со нив, како и хемиските лаксативи, не треба да се злоупотребува.
Масажа на стомакот
Секое утро по празнењето на мочниот меур, масирајте ја со кружни движења на лево, областа под папокот. Ако ова не помогне, обратете се кај специјалист по масажа и замолете го да ве научи да се масирате самостојно.
Топла вода
За да ја подобрите работата на цревата, пијте по една чаша топла вода наутро, веднаш штом станете. Појадокот треба да е 15 мин потоа.