7 тажни причини поради кои луѓето ги изневеруваат своите партнери и како успешно да се избегнат истите
Да се биде изневерен од оној кој најмногу го сакате е многу непријатна, лоша и тажна ситуација, но пред да ги обвините останатите и наместо да се сомневате во текот на целата врска, најдобро е подлабоко да навлезете во причините за изневерување и да се обидете да ги избегнете истите.
Кој изневерува во една врска?
Постојат бројни истражувања на оваа тема, но важно е да се каже дека подеднакво и мажите и жените се склони кон изневерување на нивните партнери. Истовремено, исстражувањата покажуваат дека луѓето кои почесто користат Интернет, се повеќе склони кон имање љубовни афери.
Според Алиша Вокер, зборуваше пред 50-тина жени на возраст меѓу 24 и 54, по повод објавување на нејзината книга „Тајниот живот на сопругите кои изневеруваат“, дека жените кои се наоѓаат во нивните 40-те години најверојатно ќе го изневерат својот партнер доколку бракот е лош, но притоа нема да се разведат. Според неа, во тие ситуации, жените само бараат ново искуство.
Според експертите, мажите најчесто изневеруваат поради желба, додека жените бараат еден вид емоционално поврзување и утеха.
Причини поради кои луѓето ги изневеруваат своите партнери и како да ги избегнеме истите
1. Недостаток од страст во врската
Ова резултираше како една од најчестите причини, во бројни истражувања. Луѓето може да имаат емоционална хармонија со својот партнер, но доколку отсекогаш во нивната врска недостасувала страст, тоа може да заврши со изневерување.
Како да се избегне тоа:
- Разговарајте со вашиот партнер, бидете отворени и искрени за вашите потреби и не ги негирајте и неговите/нејзините потреби.
- Не се плашете да експериментирате
- Доколку не знаете како сами да разговарате за овој проблем и како да го решите истиот, побарајте совет од брачен советник
2. Недостаток од емоционално задоволство
Ваквиот недостаток може да биде опасен за успехот на една врска, бидејќи, доколку луѓето не чувствуваат емоционална поврзаност и интимност со нивниот партнер, може да станат депресивни или среќата да ја побараат на друго место.
Како да се избегне тоа
- Работете и вложувајте заеднички труд за да создадете нешто убаво и значајно.
- Бидете одговорни за вашите постапки. Доколку погрешите, не ги препуштајте работите сами на себе. Нерешените проблеми создаваат уште повеќе проблеми.
- Направете рамнотежа меѓу професионалниот и личниот живот.
- Вашиот партнер исто така има право на мислење. Наместо караници, секогаш гледајте да најдете заеднички компромис.
3. Вашиот партнер веќе не се чувствува вљубено или се вљубил во друга личност
Да, ова може да биде многу болно! Може да имате сосема обичен ден, да пиете кафе и одеднаш шок! Здогледувате некоја личност и како срцето да ви застанува. Не можеме ова да го објасниме, но понекогаш хемијата, судбината или кармата знаат да ги предизвикваат работите да ја сменат својата насока. Како што е возможно лесно да се вљубиме, така е лесно и веќе да ги имаме истите чувства кон својот партнер.
Како да се избегне тоа:
- Секоја врска има сопствени предизвици. Никој не е совршен и ова мора да го прифатите.
- Продолжете да бидете романтични кон вашиот партнер. Потребно е многу труд да се одржи една врска, но тоа е труд во кој треба да се ужива, а кој уште повеќе ќе го развие вашиот карактер.
- Преземете акција. Убаво е да се слушне „Те сакам“, но потребно е и истото да се докаже.
- Почитувајте ја вашата и независноста на вашиот партнер. Не се обидувајте да ги правите работите со сила.
4. Бесот може да биде исто причина за изневерување
Се сомневате или знаете дека вашиот партнер ве изневерил и ве повредил. Ајде да бидете квит! Ајде да се одмаздите!
Како да се избегне тоа:
- Фокусирајте се на управување со самите себе, но не и на управување со вашиот партнер. Вие не можете да бидете одговорни за постапките на другите луѓе, а да сте остане присебен и мирен е многу подобро и поефикасно. Опкружете се со добро друштво за да го подобрите вашето расположние.
- Споделете ги вашите чувства, наместо да постојано да обвинувате некој друг
- Анализирајте ја ситуацијата и обидете се да го пронајдете најдоброто можно решение. Кога вашиот партнер ќе види дека сте разумни и смирени, веднаш ќе зажали за неговите постапки.
5. Љубопитност за нови искуства
Интернетот. Социјалните мрежи. Страните за запознавање. Секаде може да се соочите со искушение и едноставно некогаш ќе се почувствувате љубопитни дали може да достигнете до некоја цел или предизвикот да освоите нечие срце. Тоа е како еден вид натпревар, при кој наместо тенис, флертувате за да видите дали ќе победите во играта. Можеби навистина го сакате вашиот партнер, но ви фали возбуда и предизвик.
Како да се избегне тоа:
- Вие може да ги контролирате вашите мисли и чувства, но не и мислите и чувствата на вашиот партнер.
- Размислете како партнерот се однесувал на почетокот од вашата врска. Доколку уште тогаш обраќал претерано внимание на сите околу него, тоа може да биде предупредувачки знак.
- Не е до вас, едноставно вашиот партнер не е подготвен за нешто сериозно и потребно е истото да го прифатите навремено.
6. Неспособноста за обврзување
За некои луѓе, врската не значи да се има само еден партнер. Некои луѓе се многу поотворени за ова прашање.
Како да се избегне тоа:
- Доколку претпочитате традиционален однос, разговарајте со вашиот партнер и не се плашете да ги кажете гласно вашите желби. Подобро е уште на самиот почеток да избегнете нездрава врска, отколку подоцна да се соочите со скршено срце и лошо искуство.
7. Потребно е зачинување на врската
Додадете оган во вашата врска! Ризикот ќе резултира со поголема драма, а во потрага по истата или едноставно од досада, може да започнете да барате нешто ново, што не можете да го добиете во врската и бракот.
- Не избрзувајте во донесувањето одлуки пред искрено да разговарате со вашиот партнер и отворено да ги споделите вашите желби и потреби и работите за кои често фантазирате. Сите врски имаат своите подеми и падови. Едноставно зачинете ја вашата врска со бројни забавни активности, за да избегнете монотонија со вашиот партнер.