7-те места од телото, на кои забораваме да нанесеме крема со заштитен фактор, што често резултира со појава на непријатни изгореници
Без соменение, кремата со заштитен фактор е најважниот додаток за плажа или за обична прошетка надвор, во топлите летни денови.
Заштитата на кожата од сончевите зраци е подеднакво од голема важност, како што е и правилната исхрана или физичката активност.
Но, често при нанесувањето на овој козметички производ, повеќето од нас, често забораваат одредени делови од кожата, а пропуштените места ќе ги забележиме тогаш кога на истите, ќе се соочиме со непријатни изгореници.
Еве кои се 7-те најчесто пропуштени зони од телото, при нанесување на кремата со заштитен фактор
1. Линијата на косата и скалпот
Доколку не носите шешир и линијата на косата ви е изложена на Сонце, таа исто така, може да изгори. Не само што ќе ви предизвика иритација на скалпот, туку може да придонесе за белеење на косата.
Можеби ви е непријатно да нанесувате крема со заштитен фактор на косата? Тогаш побарајте козметички еквиваленти на тој производ, односно со заштитен фактор, за да сепак ја заштите косата. Наместо крема, можете да нанесувате спреј.
2. Гради
Ова е една од најчестите запоставени зони на телото. Најважно е да запаметите дека кремата со заштитниот фактор не треба да ја нанесувате на градите кога сте на плажа и во бикини, туку секогаш кога вашето деколте ќе биде директно изложено на сончевите зраци, без разлика дали сте на утринско џогирање или на забава на отворено. Потребно е кремата да ја нанесете рамномерно и на двете гради, за да избегнете појава на непријатни изгореници.
3. Усни
Кожата на усните е исклучително чувствителна и подложна на Сонце. Затоа е особено важно во текот на летниот период, со вас секогаш да носите лабело за усни со заштитен фактор, соодветен за секоја пригода, при која би биле изложени на сончеви зраци.
4. Раце и зглобови
Вообичаено на рацете нанесуваме хидратантни креми, без да размислуваме дека и на тој дел од телото му е потребен производ со заштитен фактор. Доколу поминете еден ден покрај базенот, со сигурност чувствителната кожа на рацете и зглобовите ќе настрада, доколку не е соодветно заштитена од сончевите зраци.
Зоната е од голема важност, иако често е незабележителна, но може да се оштети и при обично возење во автомобилот, преку самиот прозорец.
Не заборавајте дека во минатото, токму од таа причина, дамите често носеле долги ракавици. Иако денес не е дел од облеката, поради тоа не треба да ја потценуваме и занемаруваме кожата на рацете и зглобовите и при нанесувањето на крема со заштитен фактор, да не го заборавиме и тој дел.
5. Врвовите на ушите
Не ги заборавајте ниту врвовите и внатрешноста на ушите, кога ќе ја нанесувате кремата со заштитен фактор на лицето и вратот. Можеби си мислите дека ушите се безбедно сокриени зад косата или шеширот, но ќе се изненадите колку лесно може оваа сензитивна зона да изгори и поцрвенее.
6. Задната страна на колената
Веќе знаете дека на нозете им е потребно огромно количество од крема со заштитен фактор, но дали сте сигурни дека производот го нанесувате на секој центиметар од напред, но и од назад? Кожата на нозете можеби ви изгледа покомплицирана за третирање, за разлика од усните и градите, но за жал, Сонцето нема разбирање, па затоа бидете трпеливи и добро нанесете ја кремата со заштитен фактор, детално, на секое делче од телото.
7. Очните капаци
Обратете големо внимание и на делот околу очите, кога ја нанесувате кремата на лицето. Можете да користите крема со заштитен фактор специјално наменета за очите, во форма на стик и сл, за да полесно го спречите контактот на кремата со самите очи.
Покрај тоа, задолжително носете шешир и очила, а конкретно во однос на очилата, се препорачува да ги избегнувате моделите со метална рамка, кои можат да ги апсорбираат сончевите зраци и дополнително да ја иритираат и оштетат вашата кожа и делот околу очите.