7-те неочекувани промени кои се случуваат со женското тело по породувањето, за кои никој нема да ве предупреди
Доколку сè уште не сте ја искусиле среќата да станете мајка, тогаш најверојатно низ глава ви минуваат илјада прашања околу самата бременост, како и за периодот после истата.
Раѓањето на детето носи бескрајна среќа во семејството, но од здравствен аспект, породувањето носи и бројни промени за женскиот организам. За повеќето од нив ретко некој ќе ви каже, освен можеби згрижена пријателка, која промените ги забележала и кај неа.
За таа цел, денес решивме да ви раскажеме кои се 7-те неочекувани промени кои настануваат при женското тело, по породувањето:
1. Зголемување на стапалата
Според бројни истражувања, стапалата може да се зголемат од 2 до 10 милиметри, а според статистичките податоци, 70% од жените доживуваат ваква промена. Истовремено, според експертите, само раѓањето на првото дете влијае во настанувањето на оваа промена.
2. Зголемување на градите
Иако звучи како неверојатна промена, но истата е факт. Доколку бебето е големо, градите значително ќе се зголемат, при што разликата во големината на градникот пред и по бременоста може да биде огромна.
3. Колковите ќе станат пошироки
Благодарение на хормонот релаксин, врските во областа на зглобовите кај карличните коски се опуштаат, а како резултат на тоа, колковите се прошируваат. Ова е неопходен и нормален фактор при породувањето, но кај некои жени и после тоа, оваа промена останува.
4. Може да се промени бојата на очите и косата
Според научниците, по породувањето, возможна е промена на бојата на очите и косата кај мајката, а тоа може да настане како резултат на играта на хормонте, поконкретно на меланинот.
За некои жени, оваа промена може да биде привремена, додека за други, трајна.
5. Промена на вкусовите
По породувањето, многу од жените се соочуваат со промена во своите преференции. На пример, доколку порано омилени им биле слатките јадења, по бременоста, претпочитаат луто и пикантно. Причината за ова може да бидат хормоните.
6. Зголемено потење
Жената која родила може да започне да се поти повеќе од вообичаеното. По правило, потењето настанува во форма на ненадејни напади, кои се случуваат во текот на ноќта.
Оваа промена може да се должи на намалувањето на естроген во крвта.
7. Појава на алергиски реакции
Младите мајки може да развијат алергии, а ова се должи на фактот што имунолошкиот систем станува неспособен да ја потисне реакцијата.