7-те особини кои откриваат дека станува збор за лоша и расипана личност
Расипаниот човек е како расипана конзерва – навидум сосема обична. Или расипана скала- изгледа како сите други. Или скапано јаже – на прв поглед е тешко да се разликува од здравото. Токму ова го прави лошиот и расипан човек навистина опасен за другите.
Но, тоа најчесто го сфаќаме кога е предоцна. Скалите ќе се срушат под нас , јажето ќе пукне и ќе бидеме отруени од расипаната конзерва. Затоа треба да обратите внимание на таквата личност и од истата да го очекувате само најлошото – дури и ако зборува убаво, споделува совети, шеги и се смее, ви дава подароци, а ги осудува предавниците.
7 особини кои откриваат дека станува збор за лоша и расипана личност
- Расипаната личност постојано зборува за некого и осудува некого. Пренесува озборувања. Зборува зад грб, а потоа им се насмевнува на истите тие луѓе, глумејќи прекрасна личност.
- Расипаната личност е завидлива. Зборува многу за туѓите пари, бара „неправда“ во туѓите успеси и тајно се радува на неволјите на другите. Се преправа дека сочувствува, а нејзините очи блескаат од среќа!
- Расипаната личност има низа конфликти зад себе. Се дружелае со некого, била блиска, а сега води негативна кампања против истите. А луѓето пак кои се друшеле со истата не сакаат ни да го слушнат нејзиното име.
- Расипаната личност ги брои подароците што некому ги дал пред 100 години. И колку колачи изел нејзиниот пријател пред 30 години, кога дошол на нејзиниот роденден.
- Расипаната личност нема трајно пријателство. Таа има „пријатели“ со кои сака да озборува други луѓе. Исто така нема стабилна љубовна врска затоа што нејзините партнери бегаат од неа. Им кажува на непознатите за своите најблиски и секогаш се жали на нив.
- Расипаната личност е секогаш придружувана од некои грди приказни со пари. Таа им должи на сите, не ги враќа своите долгови.
- Расипаната личност постојано лаже. И дури откако ќе ја фатите како лаже, таа нема да се извини, ниту пак ќе се почувствува лошо.
Според психолозите, доколку не сакате или не можете целосно или воопшто да го прекинете контактот со ваквата личност, најдобро е барем да го минимизирате и ограничите и притоа да не се надевате на никаков добар човечки однос. Најдобро е себеси да се држите на здраво растојание од расипаните луѓе, за ваше добро.