7-те работи кои вашиот партнер не треба да ги знае во ниту еден случај
Тоа што за дамите е од голема важност и првостепено значење, вообичаено за мажите е потполно губење на време и пари.
Еве кои 7 работи вашиот партнер никогаш не треба да ги знае:
1. Што точно правите, за да имате прекрасни нокти
Кремата за кутикулите, турпија со кристален слој, турпија за посебно полирање, купки за ноктите со морска сол и слично, се сосема безпотребни информации за мажите, кои впрочем оваа активност би ја означиле како губење на време и пари.
2. Дека носите градник со push-up ефект
Едноставно вашиот партнер нема потреба да знае вакви детали, како што не мора да знае ниту со кој од вашите 15 парфеми денес сте се намирисале.
3. Дека овој месец заработивте повеќе пари од него
Дури и сè уште да не сте во брак, секој маж сака да се чувствува како глава на семејството, вклучувајќи ги и финансиите. Затоа, како од неодамна сте добиле покачување на платата, не брзајте веднаш тоа да му го соопштите. Размислете како ќе влијае врз неговата самодоверба.
4. Дека пред него сте имале не 1, туку 3 партнери
Прво, тој не ви раскажал за неговата интимна биографија, а како второ, минатото нема никакво значење, бидејќи еден заљубен пар треба да ја крои напред својата заедничка иднина.
5. Дека не ви се допаѓа неговата мајка
Најдоброто кое што можете да го направите е да смислите културни изговори секогаш кога ќе имате можност за тоа, наместо директно да ја кажете дека не можете да пиете кафе со неговата мајка.
6. Колку чинат вашите козметички производи
Дури и да ве праша директно, низ хумор одговорете му да не се грижи, бидејќи сето тоа се ситници, за кои не ви требало многу пари, иако во реалност свесни сте дека сте потрошиле цело богатство.
7. Дека одеднаш можете да изедете 5 чоколади
Многу подобро е неколку пати во текот на месецот да органзирате друштвени средби со вашите пријателки, при кои ќе можете да се опуштите и да се насладувате на безброј видови десерти.