7-те собни растенија кои ја отстрануваат среќата и привлекуваат сиромаштија во домот – Никогаш не ги поставувајте
Растенијата, без сомнеж, се најубавата декорација за нашите домови, бидејќи како што сите ние знаеме, тие се носители на силна енергија. Тие се одлични прочистувачи на воздухот и може да привлечат среќа и богатство.
Но спред фенг-шуи, постојат и такви собни растенија кои ја спречуваат среќата да навлезе во домот и едноставно само привлекуваат несреќа и сиромаштија, при што токму затоа и не треба да ги никогаш поставуваме во нашиот дом.
Еве за кои 7 видови станува збор:
1. Хоја
Иако растението изгледа прекрасно, според одредени кинески верувања, ги прави жените – вдовици. Воедно, нејзините листови се отровни и неопходно е да бидете многу внимателни со хојата.
2. Бршлен
Според древните кинески верувања и мислењата на фенг-шуи експертите, ова растение предизвикува нарушување на семејните односи и хармонијата во домот, при што дури доведува и до развод на брачните парови. За најопасна се смета сортата со триаголни листови.
3. Монстера
Ова е доста популарно собно растение, кое луѓето го избираат за домот, а неретко го поставуваат и во нивните канцеларии. Важно е да запаметите да не го поставувате во спалната соба, бидејќи предизвикува здравствени проблеми, најчесто главоболка.
4. Сциндапсус
Иако растението е познато по неговиот раскошен раст, сепак се смета дека со поставување на истото во домот, ја снемува силната машка енергија.
5. Дифенбахија
Ова отровно растение во ниту еден случај не треба да го поставувате во вашиот дом, доколку сакате вашиот брак да биде среќен, долг и успешен. Предизвикува страв кај мажите на емоционален план, а покрај тоа се смета за штетно за здравјето, при што често предизвикува главоболка.
6. Кактус
Колку и да звучи изненадувачки, и кактусите се на оваа листа. Најверојатно причината се должи поради неговите иглички, кои асоцираат на негативна енергија. Од друга страна пак, одредени експерти советуваат кактусот да го поставите до компјутерот, бидејќи го неутрализира штетното емитирање од екранот.
7. Цисус
Ова растение, покрај тоа што има навистина чудна форма, според кинеските верувања, ја елиминира среќата кај дамите и привлекува осаменост кај истите.