7 техники на масажа кои ќе ви помогнат да добиете рамен стомак, без да мора да се потите во теретана
Доколку сте забележале неколку центиметри плус на вашата половината, тогаш дефинитивно знаете колку лесно иститње можат да ви ја уништат самодовербата. Но, тоа не влијае само на надворешниот изглед и од аспект на убавината, односно стомачните масти можат да го зголемат ризикот за срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови на рак.
За среќа, постојат неколку начини да се ослободите од вишокот килограми, кои се совршени дури и за оние повеќе мрзеливите луѓе, кои не обожаваат да бидат многу активни.
Во продолжение ви откриваме кои се 7-те најефикасни техники за масажа, кои ќе ви помогнат да се збогувате со дополнителните масни наслаги на стомакот:
1. Стимулирајте ја циркулацијата на крвта во стомакот
- Започнете со триење на дланките за создаете доволно топлина на вашите прсти и дланки.
- Кога рацете ќе ви бидат доволно топли, започнете да ги триете во кружни движења, во насока на стрелките на часовникот и спротивно од стрелките на часовникот околу самиот папок.
- Правете ја оваа масажа 2-3 минути.
2. Ослободете се од надуеност
- Пронајдете ја клучната точката што се наоѓа на 4 прста над папокот.
- Масирајте ја оваа точка 2-3 минути во насока на стрелките на часовникот и за иста количина на време спротивно од стрелките на часовникот.
3. Направете ја вашата половина потенка
- Ставете ги двете раце на обете страни на стомакот со дланките свртени едни кон други.
- Притиснете ги рацете едни кон други додека го затегнувате стомакот кон истите.
- Повторете го ова 3-5 пати.
- Потоа, фатете го стомакот со обете раце и придвижете го, како да го тресете.
- Направете го ова во времетраење од 10-15 секунди.
4. Извлечете ја маснотијата
- Затегнете ја абдоминалната област со двете раце истовремено од двете страни на стомакот.
- Продолжете на еден начин да го притискате стомакот по неговата цела површина.
- Направете ја оваа масажа 2-3 минути.
5. Направете лимфна дренажа
- Поставете ги врвовите на прстите на страните на стомакот и полека започнете со масажа кон средината и нагоре кон срцето.
- Повторете 5-10 пати.
- Потоа, ставете ги рацете на двете страни на колковите и користете ги прстите за да ја истегнете кожата нагоре кон пазувите.
- По истегнување на кожата на колкот, придвижете ја раката повисоко и повторете.
- Повторете 5-7 пати по секоја страна од вашето тело.
6. Обидете се со кинеска масажа
- Ставете ја едната рака на папокот.
- Применувајќи силен притисок, употребете ги вашите 2 прста за да го протриете папокот, правејќи мали кружни движња т.е кругови. Постепено проширете ги круговите, оддалечувајќи се од папокот на страните.
- Изведете ја масажата во времетраење од 2 минути.
7. Користете ги точките на притисок
- Можете да ги најдете точките Рен 6, Рен 4 и Рен 3 околу 2, 5 и 7 центиметри под самиот папок
- Точките Ки 16 се наоѓаат од двете страни на папокот, оддалечени околу 1.30 центиметр од него.
- Точките на Зигонг може да се најдат од двете страни на стомакот 5 центиметри под папокот и 5 центиметри од едната страна.
- Ставете 2 прста на точката и нежно масирајте ја областа. Потоа, притиснете ја и држете го неколку минути. Повторете ја техниката со секоја точка.
Бонус: Како побрзо да добиете рамен стомак
- Најефективната позиција за да се изврши масажата е да легнете на грб во кревет или на подот. Може да го направите и тоа кога стоите пред огледало.
- Никогаш не ја изведувајте масажата веднаш после јадење.
- За најдобри резултати, масирајте го стомакот два пати на ден – пред појадок и одредено време пред спиење.
- За да го подобрите ефектот, обидете се да користите мешавина од есенцијални масла од грејпфрут и кипарис при изведување на масажата.
Предупредување: Немојте да ја правите масажата доколку чувствувате болка во стомакот или страдате од болести како згрутчување на крвта во нозете или срцето, откажување на бубрезите, остеопороза, висок крвен притисок, ендометриоза или воспалителни инфекции.