7 видови на храна, кои треба да ги консумирате по 40-та година, доколку сакате да бидете здрави и полни со енергија
Навикнати сме да се грижиме за надворешниот изглед, косата и фигурата, при што често забораваме дека здравјето и убавината започнуваат од внатре.
Поради тоа, од голема важност е да се обрати внимание за грижа функциите на внатрешните системи и грижа за целокупното здравје.
Тоа најдобро и наједноставно може да го направите со консумирање на правилната храна, поради што, денес за таа цел ви составивме листа на 7 видови храна кои треба да ги консумирате секогаш, особено по 40-та година, доколку не сакате да се соочите со здравствени проблеми.
1. Шумско овошје
Честото консумирање на богати шумски плодови, како боровинки, цреши, малини, капини и јагоди, ќе му помогне на телото да го добие потребниот внес на антоцијанини, кои поседуваат моќни антивоспалителни ефекти. Истовремено, редовната консумација на цреши ефикасно ќе го намали присуството на уринарна киселина во крвта, што може да доведе до појава на гихт.
2. Калинка
Не станува збор толку за самите зрна, колку за кожната обвивка на калинката, која содржи полифенолни соединенија, кои имаат позитивен ефект врз подобрувањето и обновување на функциите на секое ткиво во телото и ги поткрепува мотрниите функции, при што нема да имате проблеми при секојдневните движења и активности.
3. Риба
Особено корисно е консумирањето на т.н мазни риби, како што е пастрамката и сардините. Рибата содржи огромно количество на омега-3 масни киселини, кои имаат антивоспалително дејство и ја спречуваат непријатната појава на вкочанетост во зглобовите. Најдобар начин да се консумира рибата е во печена или варена форма. На тој начин, ќе се задржат сите нејзини хранливи вредности.
4. Брокула
Брокулата е богата со калциумови и органски соединенија, кои имаат моќни антибактериски својства. Редовното консумирање на овој зеленчук ќе придонесе до стимулирање на имунолошкиот систем, а воедно ќе ве заштити од појава на ревматичен артиритис, зајакнувајќи ги коскените и мускулните ткива. Консумирањето на брокула ефикасно ја спречува и појавата на остеоартритис.
5. Зелен чај
Зелениот чај содржи огромно количество антиоксиданти, што пак ефикасно ги спречува воспалителните процеси во организамот и значително го намалуваат ризикот од појава на ревматичен артиртис на подоцнежна возраст.
6. Грав
Гравот содржи многу аминокиселини, кои се исклучително лековити и корисни за вашето тело. Црниот грав посебно се смета за најценет кога станува збор за негување на здравјето, бидејќи содржи огромно количество на манган- доста важен минерал за зајакнувње, подобрување и обновување на зглобовите.
7. Лук и кромид
Овие зеленчуци содржат многу сулфурни соединенија, кои помагаат во намалување на количеството на натриум во организамот. Доколку тој елемент е вишок во организамот, може да резултира со појава на артритис и остеопороза.
За да го зајакнете ефектот на овие моќни видови храна, се препорачува од вашето мени и исхрана да ја намалите или целосно ифрлите консумацијата на цитрусни плодови и млечни производи.