7 здравствени проблеми, за чие лекување 1 банана е многу поефикасна од лекарства
Бананите важат за омиленото овошје во текот на зимскиот период, а нивниот неодливо сладок вкус не е единственото волшебно својство што го поседуваат.
Всушност постојат здравствени проблеми кои бананите ги решаваат подобро од лекарствата, поради моќните лековити својства кои ги содржат.
Бананите се плодови кои би требало да бидат вклучени во исхраната и менито на секој од нас. Тие се заситени со природни шеќери и големо количество на хранливи влакна, кои на телото му ја даваат потребната енергија. И покрај нивниот калориски состав, веќе и научно е докажано дека бананите можат да ни помогнат да се справиме со бројни здравствени проблеми.
Доколку не верувате, потрудете се редовно да консумирате банани и за краток временски период ќе започнете да се чувствувате значително подобро, што воедно ќе ве увери во лековитите својства на ова чудесно слатко овошје.
Еве при кои 7 здравствени проблеми, бананите помагаат многу подобро од лекови
1. Хипертензија
Многу луѓе кои страдаат од хипертензија, се соочуваат со недостаток од калиум во организамот. На сметка на тоа, телото пак, изобилува со сол. За нејзинот остранување од организамот, токму е потребен калумот, кој најмногу е застапен во бананите.
2. Намалување на нивото на стрес
Бананата е најдоброто „анти-стрес“ овошје што постои. Тоа ги содржи неопходните витамини и микроелементи, кои влијаат врз размената на супстанците во организамот, што пак е директно поврзано со нивото на стрес.
3. Подобрување на видот
Бананите содржат витамин А, кој е од голема важност за очите. На нашето тело му е потребно определно количество дневен внес од овој витамин, за да го намали ризикот од влошување на видот. На жените им е потребно 700 микорграма секојдневно, додека кај мажите е потребно 900 микрограма од витаминот А.
4. Опстипација и гасови
Бананите содржат пектин, кој е одговорен за остранување на тешките метали и другите токсични материи од организамот. Тие се одличен пробиотик, кој го стимулира процесот на дигестија на храната. Бананите исто така го намалуваат формирањето на гасови и дејствуваат како одлична состојка во процесот на слабеење.
5. Помош при ПМС
Бананите содржат витамин Б6, кој има позитивен ефект врз нивото на шеќери во крвта и помага во намалување на негативните симптоми на ПМС-от. Овој витамин дури помага при подуеност на стомакот и ги намалува честите промени во расположението.
6. Депресија
Бананите содржат и триптофан, кој го поттикнува и зголемува производството на серотонин. Иако бананите не можат да се справат со посериозните депресивни состојби, консумирањето 2 плода дневно, ќе ве ослободи од чувството на тага, кое е првиот симптом на депересија.
7. Губење тежина
Бананите се многу вкусни и слатки плодови кои лесно може да ги вклучите во вашето секојдневно мени и во секоја диета. Тие содржат хранливи влакна, кои се растворливи во вода и кога истите ќе се најдат во дигестивниот тракт, ја апсорбираат водата, го забавуваат метаболизамот и ви го даваат чувството на ситост, што ќе ве спречи да не се прејадете.