Болката во грбот е една од најчестите болки со која се соочуваат милиони луѓе, а истата е незанемарлива бидејќи ги попречува нормално да ги вршат секојдневните обврски и обични работи.

Во продолжение прочитајте кои 8 вежби ќе ви помогнат, за само 5 минути, да се ослободите од оваа болка!

1. Опуштете го вашиот ‘рбет

Што да направите?

  • Седнете на подот со нозете исправени кон напред, а притоа стапалата да ви бидат разделени со растојание од 5-10 цм меѓу нив.
  • Свиткајте крпа или ќебе и ставете го под вашите колена.
  • Ставете перница врз нозете, свиткајте го ‘рбетот и наведнете го вашиот горен дел од телото кон напред, притоа главата да достигне до перницата.
  • Релаксирајте се во оваа положба најмалку 5 минути.

Како функционира?

Оваа положба ќе ви помогне да ја намалите тензијата во мускулите на грбот, ќе се ослободите од спазмите и ќе ни помогне да го вратиме ‘рбетот во неговата правилна и природна позиција.

2. Истегнете ги глутеалните мускули

Што да направите?

  • Седнете на подот, со колената свиткани кон вашето тело и стапалата исправени кон подот.
  • Одржувајќи ја рамнотежата потпирајќи се на бутовите, кренете ги и двете нозе и ставете ги една врз друга, односно прекрстете ги.
  • Фатете го вашето лево стапало со десната рака и десното стапало со левата рака.
  • Приближете ги и двете нозе до вашето тело, колку што најблиску можете.
  • Дрежете така 1-2 минути, а потоа вратете се во првобитната положба.
  • Следно повторете обратно, претходната нога што била одоздола, сега да биде одозгора.

Како функционира?

Стеснетите глутеални мускули може да бидат една од причината, бидејќи истите се подложни на влијание при секое наше движење. Ваквото добро протегање ќе ни помогне да се ослободиме од тензијата и ќе ја намали болката во мускулите на грбот.

3. Ослободете гo големиoт слабински мускул од притисок

Што да направите?

  • Легнете на грбот со нозете исправени и рацете опуштени до телото.
  • Ставете перница или подлога за јога под карлицата.
  • Дозволете му на вашиот долен дел од грбот полека да се опушти и спушти кон подот.
  • Продолжете да лежите во оваа положба во времетраење од 5 минути.

Како функционира?

Големиот слабински мускул постојано е под голем притисок, обидувајќи се да го стабилизира нашиот ‘рбет. Ако премногу е под притисок или е во нерамнотежа, тоа може да резултира со болки во грбот. Затоа оваа вежба ќе ви помогне ефикасно да го релаксирате истиот.

4. Пробајте купка со неорганска сол

Што да направите?

  • Наполнете кофа или поголем сад со топла вода.
  • Додадете 1/2 неорганска сол (магнезиум сулфат) во водата и добро промешајте.
  • Потопете ги вашите стапала во купката и оставете ги така 5-7 минути.
  • На крај, извадете ги стапалата, исплакнете ги со топла вода и завиткајте ги во крпа или ќебе.

Како функционира?

Кога неорганската сол се раствора во вода, таа се разложува на магнезиум сулфат. Магнезиумот е познат по тоа што ги релаксира нервите и ги ослободува од мускулните грчеви. Односно, со помош на оваа купка, вашата кожа ќе апсорбира релаксирачки својства и ќе се ослободите од болката во грбот.

5. Притиснете ги задните клучни точки на колената

Што да направите?

  • Пронајдете ги клучните точки на задниот дел од колената.
  • Притиснете цврсто користејќи ги палците.
  • Дишете длабоко и продолжете да притискате на точките 2-3 минути.

Како функционира?

Стимулирајќи ја т.н Б54 клучна точка, ќе придонесе во опуштање на мускулите и намалување на болката во колковите и долниот дел од грбот, предизвикана од ишијас.

6. Седнете на тениско топче

Што да направите?

  • Седнете на подот и поставете тениско топче под вашите бутови.
  • Нежно движете го телото наизменично кон напред и назад се додека не ја лоцирате болката.
  • Задржете го тениското топче под овој дел од телото, а притоа свиткајте го едното колено и поставете го врз спротивната нога. Поставете ги рацете цврсто на подот за подобра рамнотежа.
  • Останете во оваа положба 1-2 минути, а потоа сменете ја страната.

Како функционира?

Масажата со тениското топче ќе ја ослободи тензијата од глутеалните мускули, а притоа ќе ја подобри циркулацијата на крвта во долниот дел од грбот.

7. Ставете штипка на вашето уво

Што да направите?

  • Земете обична штипка и поставете ја на горниот дел од вашето уво.
  • Држете така 5 секунди, а потоа отстранете ја.
  • Повторете по 5 пати за секое уво поединечно.

Како функционира?

Според рефлексологијата, горниот дел од ушите е директно поврзан со грбот и рамениците, при што неговата стимулација ќе ја намаи тензијата и болката во овие делови.

8. Нанесете масло од лаванда

Што да направите?

  • Земете 1 лажица кокосово масло и додадете неколку капки есенцијално масло од лаванда.
  • Вака направената смеса, нанесете ја на болните точки од грбот и нежно масирајте.

Како функционира?

Маслото од лаванда има анти-воспалителни и смирувачки својства, при што може да ги опушти мускулите и да го намали нивото на стрес.

Бонус: Вежба од 60 секунди за намалување на болката во грбот

Што да направите?

  1. Седнете на подот и истегнете ја левата нога, а свиткајте го десното колено, при што десното стапало ќе го поставите цврсто на подот. Потоа приближете го десното колено кон вашите гради, држејќи го со рацете. Држете така неколку секунди, а потоа пуштете. По 10 повторувања, сменете ги страните.
  2. Легнете на грб, свиткајте ги колената, а стапалата ставете ги на подот. Со колената така свиткани, кренете ги нозете 10-15 цм од подот, задржете неколку секунди, а потоа спуштете ги. Повторете 5 пати.
  3. Продолжете да лежите на грб. Исправете ги целосно нозете. Потоа, свиткајте го десното колено и држете го со двете раце. Приближете го истото кон вашите гради, задржете неколку секунди, а потоа пуштете. Повторете 10 пати за секоја страна поединечно.
  4. Седнете на подот, со нозете исправени. Протегнете ги рацете кон напред и свиткајте го вашиот горен дел од телото, притоа обидувајќи се да ги допирнете прстите на стапалата со прстите на рацете. Задржете неколку секунди, а потоа пуштете. Повторете 10 пати.

Како функционира?

Сите 4 вежби ќе ве ослободат од болката во грбот предизвикана од ишијас, притоа намалувајќи ја тензијата во мускулите.