8 едноставни трикови за здравје кои ќе ве направат да се чувствувате како нови
На организамот му се потребни секојдневни здрави навики и рутина, кои ќе ја подобрат неговата општа состојба и ќе ги вратат функциите во нормала. Во продолжение прочитајте 8 едноставни трикови со кои ќе бидете како нови!
1. Со сок од грозје, излечете ги мигрените
Ако страдате од мигрени и барате на природен начин да го решите овој здравствен проблем, тогаш сокот од грозје е одговорот. Бидејќи мигрените често се резултат на нерамнотежа на мозочните хемикалии, како серотонинот, грозјето со неговите витамини Ц, А и Б2 ќе ги врати хемикалиите во рамнотежа, ќе го намали високото количество на железо во крвта и ќе ја спречи појавата на мигрената.
2. Јадете лосос за здрава и сјајна коса
За здравата и сјајна коса не е важно само што нанесуваме врз неа, туку важно е и што консумираме. Тајната лежи во лососот. Тој е богат со витамин Д и Омега-3 масни киселини, кои се есенцијални за одржување на хидратацијата на косата и скалпот. Воедно, лососот е вистински протеин кој е клучен за свежа, сјајна и здрава коса.
3. Пијте вода со лимон + сол, за да се ослободите од вишокот килограми
Лимонот и солта се две магични состојки кои ефикасно ги отстрануваат токсините од нашиот организам и ни помагаат на побрз начин да се ослободиме од вишокот килограми. Тоа е затоа што овој здрав напиток ги поттикнува движењата на цревата, го намалува апетитот, а со тоа го намалува и внесот на калории.
4. Избелете ги вашите нокти со помош на паста за заби
Жолтеникавата боја на ноктите е сосема нормална работа, но не изгледа најдобро. Доколку барате природен начин како да ги избелите вашите нокти, пастата за заби е одговорот. Таа не само што ги избелува и штити забите, туку истото го прави и со ноктите, бидејќи и двете се базираат на кератин.
5. Поттикнете го растот на косата со домашен серум
За домашниот серум, прво ќе ви биде потребно рицинусово масло, бидејќи содржи важни нутритиенти како витаминот Е и помага да се одржи влажноста на скалпот. Втората состојка е масло од авокадо, кое ја штити косата од кршење. Третата состојка е кокосово масло, кое ќе го спречи губитокот на протеин во косата.
Еве како да ја направите смесата:
- Во мало шише, додадете 1/3 рицинусово масло, 1/3 масло од авокадо и 1/3 кокосово масло
- Со протресување на шишето, измешајте ги добро трите состојки
- Нанесете на скалпот и косата, и притоа масирајте го да се впие, 10-15 минути
- Измијте и потоа нанесете капки за коса, додека таа сè уште е мокра
- Повторете го домашниот третман 3 пати во недела
Со овој домашен серум, за брз временски период, ќе ја добиете посакуваната долга и сјајна коса.
6. Појадувајте во првите 30 минути откако ќе се разбудите
Откако сте се напиле вода со лимон и сол, важно е да појадувате во првиот половина час, откако сте ги отвориле очите. Иако не се чувствувате веднаш гладни, непојадувањето е огромна грешка, особено ако се обидувате да го намалите вишокот килограми. Тоа е затоа што метаболизмот е релативно бавен додека спиете, а потребен му е 1 час да се врати во нормала по будењето. А затоа ќе ви помогне првиот оброк во денот.
7. Избелете ги вашите заби со помош на овошје
Овошјата и зеленчуците се богати со антиоксиданти и прават вистински чуда во отстранувањето на пожолтените дамки на забите.
- Јагодите помагаат во отстранувањето на наслагите од вино и кафе
- Јаболките прочистуваат
- Портокалите ја неутрализираат киселината во устата, која е главен виновник за расипувањето на забите
8. Пијте повеќе кафе за здраво жолчно ќесе
Според едно истражување, кафето ги активира контракциите во жолчното ќесе, благодарение на коефинот што го содржи и воедно, ја подобрува значително неговата функција.