Девојче на 8-годишна возраст, кое сонува да стане лекарка во иднина, ги донираше парите кои ги доби за нејзиниот роденден на бугарската болница „Шејново“. Малата Цвета од телевизијата дознала за собирањето на средствата.

Па токму затоа, со цел и самата таа да придонесе за борбата против коронавирусот, реши парите соберени од сопствениот роденден да ги подари за добра цел.

Болницата се заблагодари на хуманото девојче преку нивниот официјален Фејсбук профил:

„Неделата започна добро. Сакаме да ви раскажаме за Цвета. Таа има 8 години и вчера го славеше нејзиниот роденден, а воедно и именден. Родена е во нашата болница и мечтае да стане лекарка. Вчера со нас стапи во контакт нејзината мајка. Поради ситуацијата со коронавирусот, девојчето не можеше да слави со нејзините пријатели, а откако на телевизија слушнала дека лекарите во болницата имаат потреба од поддршка, тогаш одлучила парите кои ги добила за роденденот од нејзините баби да ги донира.“