8 идеи како да се справиме со лошото расположение
Постојат голем број на фактори кои можат да ни го расипат расположението, а понекогаш се покажува тешко да си ја вратиме позитивната енергија и насмевката. Еве неколку идеи за справување со лошото расположение:
1. Да разговараме со некого
Има случаи кога е доволно само да поразговараме со близок човек за причината за лошото расположение, за да ни олесни и да се почувствуваме значително подобро. Ако се затвориме во себе, веројатноста да станеме уште помрачни е голема.
2. Да го избркаме лошото расположение со вежбање
Вежбите се одличен начин за подигнување на расположението, бидејќи при физичка активност се испуштаат ендорфини кои не тераат да се чувствуваме добро. Не се препорачува да практикуваме групни спортови ако не сакаме да губиме, бидејќи евентуална загуба може да се одрази лошо на нашето расположение. Освен тоа е добро да се спортува на отворено – на тој начин ќе се чувствуваме енергични.
3. Да си дадеме одмор
Зошто не се обидеме да заборавиме негативните мисли, со тоа што ќе си дадеме малку одмор или ќе направиме нешто необично? Можеме пример да се опуштиме во када, да запалиме миризливи свеќи и да си ставиме чаша вино. Понекогаш кога сме во лошо расположение, подобро е прво да се смириме, за да не ја покажеме нервозата на човек кој не ни е виновен – тоа уште повеќе би го уништило нашето расположение.
4. Да мислиме за нешто убаво
Добро е да се обидуваме да ги ограничуваме негативните мисли. Ако нашето расположение се расипало поради некоја причина, би можеле да се вратиме кон момент од животот, кога сме се чувствувале среќни. Зошто не погледнеме фотографии од некоја одлична забава или од незаборавен одмор? А за да мислиме почесто на убавите моменти, можеме да ги закачиме омилените слики на неочекувани места.
5. Да ја пуштиме омилената музика
Некои луѓе сакаат класична музика, други паѓаат на поп, трети се смируваат со џез. Кога не сме во добро расположение, можеме да си ја пуштиме омилената радио станица или некоја песна која асоцира на среќен период од животот. Музиката ќе ни помогне на пријатен начин да се ослободиме од мрачните мисли. Можеме и да си запееме – пеењето исто има позитивен ефект врз расположението.
6. Да размислиме за луѓе во тешка положба
Понекогаш се случува да паднеме во лошо расположение, бидејќи мислиме дека се ни тргнало наопаку. Во такви случаи е добро да се потсетиме дека постојат луѓе кои се во многу потешка состојба од нас самите. Доволно е само да се погледне наоколу, за да забележиме некој кој сигурно би дал сѐ да биде на наше место. Ова е добар начин да се почувствуваме повеќе благодарни за она што сме навикнати да земаме здраво за готово.
7. Да ги избираме луѓето со кои се соочуваме
Некои луѓе имаат способност секогаш да ни го расипуваат расположението, додека други некако успеваат да не развеселат. Ако ги избегнуваме првите колку што можеме, и се состануваме почесто со вторите, тоа секогаш ќе влијае на начинот на кој се чувствуваме.
8. Да се обидеме да се грижиме помалку
Вознемиреноста е непријател на доброто расположение, еве зошто треба да се трудиме да се грижиме што помалку. Ако е можно да направиме нешто околу тоа, кој не загрижува, да направиме, ако не, ајде да се обидеме да бидеме поголеми оптимисти кон работите, со тоа што ќе размислиме за можни начини за решавање на конкретниот проблем во иднина.