8-ми март, денот на жената: Активистките кои ја сменија историјата
Секој ден е денот на жената. Жената треба да се почитува и сака секој ден од годината, а 8-ми март, Меѓународниот ден на жената е само добар потсетник за тоа. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Овие 5 активистки се само неколку од многуте жени кои решиле да го кренат гласот и да се спротивстават на „општествените правила“.
Алиса Пол
Алиса Пол била активистка за заштита на женските права и прва жена која успеала преку успешна кампања да го смени уставот на САД во 1920 со кој како новина и двата пола се рамноправни, со право на глас. Како резултат на револтот од угнетувањето во 1916 година ја основа Националната партија на жените а веќе наредната година започнуваат масовните протести пред Белата куќа, како прв протест во историјата кој се одржал без насилство туку на најдемоктратски начин. Владата експресно реагира и ја праќа Алиса и нејзините следбенички во затвор со цел да се угуши револтот.
Маргарет Сангер
Маргарет Сангер сметала дека „ниту една жена не може да се нарече слободна, доколку не го поседува и не го контролира сопственото тело“. За неа контрацепциските средства биле неопходен дел од женските права.
Во 1920-тите, Сенгер ги отстапи претходните радикални тактики, со цел да се фокусира на добивање мејнстрим поддршка за легална контрацепција. Таа ја основаше американската лига за контрола на раѓање во 1921 година.
Елеонор Рузвелт
Таа е една од првите жени примени во Сенатот во 1911 година, пред да стане првата дама на Америка. На својот сопруг Френклин Рузвелт му помагала во работењето, иако во тоа време сопругите на претседателите се декларирале исклучиво како домаќинки. Организирала конференции за новинарите, има огромно влијание над сопругот при носењето на важни одлуки за доброто на децата во Америка. Работела за подобрување на статусот на вработените жени, а се спротивставувала на Амандманот за еднакви права, бидејќи верувала дека тоа негативно ќе влијае на жените.
Роуз Шнајдерман
Поранешна работничка во фабрика и посветен организатор на трудот, Роуз Шнајдерман се фокусираше на потребите на работните жени по изборното право. Таа го стори тоа додека држеше разни позиции: Од 1926 до 1950 година, Шнајдерман беше претседател на Лигата на синдикати на жените; таа беше единствената жена во Советодавниот одбор за труд на Националниот совет за обнова; и служеше како секретар за труд на државата Њујорк од 1937 до 1943 година.
Клара Цеткин
Клара Цеткин била германски марксистички теоретичар, активист и борец за правата на жената. Во 1911 го организирала првиот Меѓународен ден на жената. Студирајќи да стане наставничка, Цеткин развила врски со движењето на жените и работничкото движење во Германија од 1874. Во 1878 таа се придружила на Социјалистичката работничка партија на Германија. Поради забраната за социјалистичка активност во Германија поставена од Бизмарк во 1878, Цеткин заминала за Цирих во 1882, додека потоа заминал во егзил во Париз. Во текот на нејзиното време во Париз одиграла важна улога во основањето на социјалистичката група Социјалистичка интернационала.
Во СПД, Цеткин заедно со Роза Луксембург, нејзина блиска пријателка и лице од доверба, била една од главните фигури на крајнолевото револуционерно крило на партијата. Во дебатата за ревизионизмот на почетокот на 20-от век, таа заедно со Луксебург, ги нападнале реформистичките тези на Едвард Бернштајн.