8 можни причини поради кои може да доцни менструалниот циклус
Кога менструалниот циклус доцни одреден период, првото нешто за што многу жени размислуваат е бременоста. Но, постојат и други можни причини што не треба да ги игнорирате. Според лекарите, постојат 8 причини кои може да резултираат со оваа појава:
1. Стрес
Подолг стресен период може да влијае на менструалниот циклус и истиот да го направи пократок или подолг, па дури и да предизвика негово доцнење. Многу жени, исто така, доживуваат многу поболни менструални циклус за време на стресни периоди од вообичаеното.
За да се спречи оваа појава, експертите ве советуваат да избегнувате стресни ситуации, редовно да вежбате и спиете најмалку шест часа на ден. Доколку постојано сте под стрес, тогаш треба да се консултирате со вашиот лекар.
2. Пред менопауза
Просечната возраст за менопауза е 52 години, но жените може да доживеат симптоми на истата и 15 години пред вообичаениот термин. Оваа состојба уште се се нарекува перименопауза и во овој период постои намалување на производството на естроген.
Пониското ниво на естроген во организмот може да го наруши менструалниот циклус, така што отсуството или одложената менструација е честа појава кај овие дами. Менопаузата се јавува кога менструалниот период е отсутен 12 последователни месеци.
3. Губење на телесната тежина
Значително губење на тежината и прекумерното вежбање исто така може да предизвикаат одложување на менструалниот циклус. За жените кои се премногу слаби, нивото на хормони во организмот може да се спушти на нивоа при кои менструацијата и овулацијата не се можни.
4. Прекумерена телесна тежина
Исто како што малата тежина може да предизвика одложување на менструацијата, така и менструалниот циклус може да биде засегнат и од дебелината.
Сепак, дебелината во комбинација со отсуство на менструација може да сигнализира некои сериозни здравствени проблеми како што се полицистични јајници, така што жените во оваа ситуација дефинитивно треба да се консултираат со лекар.
5. Контрацепција
Некои методи на контрацепција, особено хормонските, можат да го нарушат менструалниот циклус
Во повеќето случаи, ова може да не укаже на здравствени проблеми, но секако е соодветно да се разговара со лекар во таква ситуација.
6. Нарушување на хормоните
Некои хормони, како што се пролактин или тироиден хормон, можат влијаат врз отсуството на месечниот циклус.
Доколку нерамнотежата на хормоните е причина за менструалните нарушувања, тоа може да се утврди преку обично тестирање на крвта.
7. Полицистични јајчници
Едно од најраспространетите хормонскии нарушувања кај жени на плодна возраст се полицистични јајници. Симптомите за ова се разликуваат од жена до жена, од кои најчести се менструалните нарушувања, акните, зголемената влакнестност и дебелината.
8. Бременост
И, конечно, она што жените најчесто се сомневаат кога „тие денови во месецот“ не доаѓаат – бременоста! Експертите посочуваат дека е можно да останете бремени и доколку користите контрацепција и дека ниту еден метод не е 100% ефикасен.