Со текот на годините, самите ние се менуваме, а со тоа се менува и нашиот надворешен изглед, па дури и структурата на косата.

Затоа од голема важност е да запаметите, дека како старееме, од време на време, потребно е и нашата фризура да помине низ одредени промени.

За да изгледате совршено на секоја возраст, експертите препорачуваат да ги избегнувате следните 8 најчести грешки, кои несевесно ве прават да изгледате многу постаро.

1.  Не ја менувате фризурата со години

Не, никој не тврди дека е задолжително долга коса да имаат младите девојки, а доколку сте на 50-годишна возраст, дека треба да ја скратите вашата коса. Правилото е многу едноставно, доколку сакате да симнете 5 години од вашиот изглед, тогаш направете некаква промена со вашата фризура.

2. Цврсти и прегусти шишки

Адам Богуцки, врвен фризер од Чикаго во една пригода изјави дека многу често, неговите постари клиентки, од време на време, го замолуваат да им направи цврсти и прегусти шишки, бидејќи ваквата фризура ги асоцира на нивната младост. Но, наместо шишки, Адам советува да изберете фризура со различна должина, кои ќе ви помогнат, на еден начин, да го обликувате и истакнете вашето лице, бидејќи отвореното лице без шишки, кај повозрасните дами, изгледа помладо.

3. Преостра фризура

Доколку сакате да изгледате помладо, секогаш избегнувајте ги фризурите со остри линии и агли.

4. Необликувана и сува коса

Со возраста, не само кожата, туку и косата ја губи својата влажност и затоа секогаш е потребно редовно да користите соодветни козметички производи со ефикасни навлажнувачки средства.

5. Премногу темни нијанси

Не, никој не вели дека за вашиот следен роденден треба да станете русокоса, но имајте во предвид дека изборот на претемна нијанса за вашата коса, може несвесно да додаде повеќе години на вашиот изглед. Наместо пресветла или претемна, замолете го вашиот фризер да ви даде професионален совет, притоа мешајќи повеќе нијанси во една вистинска.

6. Прекумерено сушење или пеглање на косата

Претходно спомнавме дека косата навистина брзо ја губи својата влажност и затоа од голема важност е да не претерувате со употребата на феновите и пресите за коса.

7. Не ги отстранувате расцветаните краеви

Како што косата станува сува, со текот на времето, така и нејзините влакна се оштетуваат, а тоа најмногу се забележува при краевите, кои се манифестираат со расцветан изглед. Затоа истите секогаш треба со стрижење да ги отстраните и така да ја освежите вашата коса.

8. Погрешен патец

Патецот уште на прв поглед го дефинира целокупниот изглед. За да откриете кој е вистинскиот за вас, експериментирајте пред огледалото, со местење на косата и така самите согледајте кој најдобро го истакнува вашето лице.