8 необични начини кои може да ни помогнат да заспиеме побрзо
Ако страдате од несоница, во продолжение ви откриваме неколку непознати, но супер ефикасни совети кои ќе ви помогнат да го „измамите“ вашиот мозок и да заспиете побрзо. На пример, обидете се да ги стиснете прстите за секунда, а потоа опуштете ги. Оваа вежба ќе ја ослободи напнатоста во вашето тело.
Друг метод е да го репродуцирате целиот ден во главата. Тоа ќе ви помогне да ги заборавите сите грижи, а опуштениот ум заспива побрзо, според експертите. Еве кои 10 едноставни, но навистина ефективни активности што ќе ви помогнат брзо да се најдете во длабок сон:
1. Одржувајте ги вашите стапала топли, носете чорапи
Пред да отидете во кревет, облечете чорапи. Кога нозете ви се топли, го пренасочувате протокот на крв од мозокот до екстремитетите. Значи, вашиот ум ви кажува дека е време за спиење поради прераспределената топлина низ целото тело. И ова е совршен сигнал за вашиот мозок дека сте подготвени за добар сон.
2. Стиснете ги прстите на стапалата
Со вашите стапала затоплени, обидете се да ги стиснете, а потоа опуштите прстите. Направете го ова со броење до 10 секој пат и потоа обидете се да заспиете. Целата напнатост во вашето тело треба да исчезне и ќе се чувствувате многу порелаксирано. Ова е дел од многу позната техника која се користи за борба против несоницата, наречена прогресивна релаксација на мускулите.
3. Обидете се да бидете будни
Ќе се изненадите дека сè што треба да направите за да заспиете побрзо е … да се обидете да останете будни. Едно истражување го покажа токму ова: Ако му кажете на вашиот мозок дека не сакате да спиете, тогаш истиот ќе го протолкува вашето барање точно на спротивниот начин. Ова може да звучи како парадокс, но се нарекува обратна психологија. Затоа, легнете во кревет и повторете си „Не сакам да спијам“ и ќе почувствувате како вашите очи започнуваат да се затвораат.
4. Направете ретроспектива на вашиот ден, како го поминавте истиот
Друг уникатен трик на обратната психологија што можете да го користите е да го повторите вашиот ден во главата. Обидете се да помислите на најсекојдневните работи што сте ги направиле: Што сте јаделе за вечера, како сте се вратиле дома, со кого сте разговарале. Очигледно, оваа техника ќе ви помогне да се опуштите и да го исчистите умот од грижите.
5.Измијте го лицето со ладна вода
Измијте го лицето со ладна вода и подгответе се да спиете. Не, тоа нема да ве освежи и да ве остави будни, туку наместо тоа, ќе го активира феноменот познат како нуркачки рефлекс. Ова го намалува вашиот пулс и вашиот крвен притисок, што ве прави подготвени да спиете како бебе.
6. Поставете перница под колената
Перницата не е само за главата или вратот, таа може да биде и од голема помош кога станува збор за квалитетното спиење во подобра позиција. Ако спиете на грб, ставете една мала перница под колената. Ова ќе го намали стресот на ‘рбетот и исто така ќе му овозможи на долниот дел на грбот да се опушти и да ја одржи неговата правилна положба. Ако спиете на страна, ставете перница помеѓу колената. Тоа ќе помогне ‘рбетот да биде порамнет.
7. Консумирајте го појадокот за вечера
Храната што обично би ја јаделе за време на појадок може да биде вистински магичен трик навечер. Јадете банана пред спиење, таа е богата со калиум и магнезиум, 2 супстанции кои ќе ви помогнат да заспиете за кратко време. Може да пробате и чај од банана: исечете ја банатада, додадете ја во шолја со врела вода, оставете ја неколку минути, а потоа испијте го чајот заедно со мед. Тоа помага да се регулира шеќерот во крвта.
Бадемите се исто така голема помош во случаи на несоница бидејќи ги забавуваат отчукувањата на срцето. Колку што е можно, обидете се да избегнете многу зачинета и мрсна храна пред спиење, тие тешко ќе се варат и вашето тело може да остане будно цела ноќ.
8. Консумирајте нискомаслено сирење
Иако високомасленото сирење не се препорачува доцна во ноќта, сирењето со малку маснотии може да има спротивен ефект. Богато е со триптофан – аминокиселина која се смета за огромна помош при спиењето. Се препорачува сирењето или нискомаслената урда да ја измешате со малку овошје или мед и ќе добиете совршена закуска пред спиење.
Ако и покрај овие ефикасни совети, сè уште се борите со несоница, која веќе трае подолго време, тогаш ви препорачуваме да се обратите на вашиот лекар, бидејќи здравјето е на прво место!