8 „одвратни“ предмети во домот, кои не ги чистиме доволно
Иако повеќето луѓе, редовно го чистат својот дом во текот на неделата, сепак тоа не е доволно, бидејќи некои предмети во домот бараат темелно чистење, за да се отстранат и длабоките нечистотии од нив.
Во продолжение погледнете кои 8 предмети од домот не ги чистиме доволно и како тоа да го направиме:
1. Микробранови печки- Еднаш неделно
Нема постои причина зошто чистењето на миркобрановите печки да се одложува на подолго време, бидејќи тоа само ќе доведе до уште поголем хаос и штета. Честичките и ситните остатоци од храна кои остануваат сокриени по користењето на овој апарат, при судир со поголема топлина, само ќе доведе до негово побрзо расипување.
А истовремено, храната која подолго време стои неисчистена, може да резултира со појава на мувла, што пак е исклучително штетно по нашето здравје.
Ставете сад со вода да се загрева во микробрановата печка за време од 5 минути, а на овој начин, пареата ќе ги опушти тврдокорните дамки и остатоци од храната. Потоа пребришајте со навлажнет сунѓер.
2. Правосмукалки- Еднаш месечно
Правосмукалките се дизајнирани да ја собираат прашината и нечистотијата од целиот дом, но сепак ситните честички можат да останат заглавени во самиот филтер. Тоа најдобро ќе го забележите ако правосмукалката започне да работи послабо од претходно.
За да ја зачувате функцијата на апаратот, потребно е редовно да го миете филтерот. Ако неговото миење е забрането, тогаш заменете го со соодветен нов дел.
3. Машина за алишта – По секоја употреба
Машината за алишта е една од најкористените апарати во домаќинството и затоа потребно е нејзино редовно чистење, за да се избегне акумулирање и развој на бактерии.
По секоја употреба, се препорачува вратата од машината да се остава отворена, за да може влажноста сосема да испари.
Исто така, делот каде што се става детергент може да биде совршено место за развој на мувла и бактерии, па затоа потребно е и тој дел да се чисти. Обично марамче или крпа одлично ќе заврши работа.
4. Двосед- На секои две недели
Иако е незамисливо, сепак е факт дека двоседот се вбројува во една од најнечистите работи во домот.
Тоа е затоа што храната, прашината и нечистотиите можат многу лесно да останат заробени во самиот материјал на двоседот, при што истиот на овој начин, брзо може да прерасне во голем извор на бактерии и паразити.
Се препорачува на секои две недели, со правосмукалка да се чисти овој домашен елемент. На подолги стази, треба и со текот на времето да се замени со нов.
5. Душеци и перници- Неколку пати на годишно ниво
На душеците и перниците е потребно да обратите многу поголемо внимание отколку што мислите, бидејќи коса, мртви клетки од кожата, прашина и нечистотија многу брзо се насобираат на нивната површина.
Потребно е од време на време да ги чистите со правосмукалка, а како да се ослободите од грините кои ги окупираат нивните површини, прочитајте тука.
6. Навлажнувач за воздух- Секој трети ден
Ако имате навлажнувач кој постојано е вклучен во домот, тогаш мора да внимавате да го чистите неговиот резервоар, секој трети ден.
Се препорачува чистењето да го направите само со вода, а средствата за чистење да ги избегнувате.
Филтерот исто така е потребно редовно да се чисти, а тоа може да го направите со негово потопување во ладна вода, во времетраење од 20 минути. Филтрите заменувајте ги на секои 6 месеци
7. Машина за садови- На секои 6 месеци
Иако садовите мора да ги миете секојдневно, потребно е од време на време да се исчисти и машината за садови, за да се зачува и продолжи нејзината функционалност.
Се препорачува тоа да се направи со пуштање на машината, без да ставате садови или детергент во неа.
8. Прочистувач на воздух- На секои 2 или 4 недели
Прочистувачите на воздухот се уреди кои ги отстрануваат загадувачките и штетни честички, како и поленот од воздухот во нашиот дом.
Произведувачите на прочистувачи им препорачуваат на корисниците редовно да ги чистат овие уреди, а тоа можат да го направат со помош на правосмукалка. Истовремено филтрите треба да се заменуваат на секои 6 месеци.