8 предупредувачки знаци за здравјето кои жените често ги игнорираат
Телото на жената секогаш се менува, па затоа понекогаш е многу тешко да се разликуваат предупредувачките знаци од вообичаените нормални појави.
Во продолжение следуваат 8 навидум безопасни симптоми, а на кои жените сериозно треба да обрнат внимание.
1. Подуен стомак
За некои жени подуеноста е нормална појава при месечниот циклус. Но, доколку не сме склони кон подуеност и истата трае повеќе од 2 недели, тоа можеби е првиот знак дека нешто не е во ред со нашето тело.
Во случај на ендометриоза, нашиот стомак може да отече и состојбата да продолжи да се влошува. Оваа состојба ги погодува само 10% од жените, а покрај болки во карличниот дел, може да предизвика и неплодност или пак рак на јајниците.
2. Мозолчиња на брадата
Две недели пред менструацијата, нашето тело го зголемува нивото на естроген и прогестерон. Поради оваа хормонска промена, може да се соочиме со појава на акни и мозолчња на нашата брада.
Но, доколку често ни се појавуваат акни на тоа место, тоа е индикатор дека нашите хормони се во голема нерамнотежа и потребно е да се посети лекар.
3. Болка при вежбањето
Доколку често имаме болки во карличниот предел, особено додека спортуваме, трчаме, пешачиме, па дури стоиме во место подолго време, тоа може да значи дека нашиот ендометриум, внатрешниот слој на матката, го надраснува местото каде што би требало првично да се наоѓа.
4. Болка во долниот дел на грбот и болка во нозете
Болката во долниот дел од грбот е вообичаена појава при менструалниот период во месецот и се смета за нешто нормално. Но, ако страдаме од ваква болка пред и по тој период, тоа значи дека најверојатно имаме ендометриоза.
5. Крвни згрутчувања при менструацијата
Менструацијата кај секоја жена е различна- може да биде посветла, потемна, побилна итн. И сосема нормално е ако забележиме појава на крвни грутки понекогаш. Но, ако нашата менструација е многу потемна и крвното згрутчување е честа појава, тоа значи дека имаме миом на матката.
6. Немаме воопшто интерес за нашето омилено јадење
Ако постојано се чувствуваме сити и немаме апсолутно никаков интерес за јадење, па дури сме го изгубиле апетитот за нашата омилена храна, овие чести појави во нашата исхрана колку и да се чинат безопасни, можат всушност да бидат рак на јајниците. Особено ако губитокот на апетитот е пропратен со болки во стомакот.
7. Губење на косата
Губитокот на коса е визуелниот симптон на на ниско ниво на тестостерон, односно на хормонска нерамнотежа, која доколку не се третира навремено, може да доведе до ќелавост.
8. Или ни е многу студено или многу топло
Ако никогаш не можеме да се прилагодиме на собната температура, тоа исто така е индикатор на хормонска нерамнотежа, особено на нерамнотежа на хормонот естроген. Па така, ниското ниво на естроген предизвикува топлотни удари на нашето тело, а високото ниво студени бранови, особено во пределот на нашите дланки и стапала.