8 причини да ги засакате доматите уште повеќе
На пазарот ги има преку целата година, на трпезата – секојдневно. Точно, немаат многу заедничко со доматите од градината на баба, но без нив ниту салатата е “Шопска” ниту салатата со моцарела е “Капрезе”.
Црвениот плод во ботаничка смисла на зборот е повеќе од состојка во салатата. Доматот е суперхрана, богата со антиоксиданси, витамини, минерали, влакна и е корисна во борбата против разни болести.
Корисни се за здравјето на кожата
Доматите содржат ликопен – моќен антиоксиданс од групата на каротеноидите. Го забавува стареењето на кожата и ја штити од појава на дамки. Неслучајно се користи во многу козметички производи, вклучувајќи чистење на кожата и сончање.
Штитат од рак
Свежи или зготвени, доматите се добар извор на корисни материи, но благодарение повторно на ликопенот се редат и меѓу лидерите во заштитата од некои видови рак – на грлото на матката, на дојка, на желудникот. Голем број истражувања го посочуваат токму зголемениот внес на ликопен како средство за намалување на ризикот од оваа болест.
Ги заздравуваат коските
Содржината на калциум и витамин К ги става доматите во првите редови на пријатели на коските.
Ја намалува штетата од пушење
Не очекувајте доматите да ви помогнат да ги откажете цигарите. Ќе треба да ги прекинете сами. Но барем малку може да помогне на белите дробови да се заштитат од отровите. Додадете уште една порција домати во менито.
Му помагаат и на срцето
Високата содржина на витамин Б и калиум во доматите може да го намали нивото на холестерол во крвта и да го намали високиот крвен притисок.
За здрави очи и заби
Тука витамин А доаѓа на помош. Тој исто така изобилува и има што да понуди за добрата форма на забите и непцата, како и на видот.
Против запек
Влакната се најдобрите самовили на здравиот стомак, а во доматите ги има многу. Јадете ги во комбинација со други зеленчуци во салата, супа или едноставно со малку сол.
Го зголемуваат имунитетот
Во овој случај задолжително е доматите да бидат свежи. Заштитата на организмот се потпира во голема мера на внесот на витамин Ц. Но за да ги искористат неговите предности, ќе треба да јадете свежи домати.