8 работи кои бремените жени ги прават, но не признаваат
Да очекуваш дете е едно од најпрекрасните чувства во светот, иако мора да се промени начинот на живот за 9 месеци.
Постојат одредени работи кои бремените жени тајно сакаат да ги прават, но никогаш не би си признале.
1. Јадете храна која не треба
Има листа со храна кои бремените жени не треба да ја консумираат. Повеќето идни мајки избегнуваат одредени риби, свежи сирења и колбаси. Но, понекогаш тие потајно јадат по малку од овие храни, бидејќи доживуваат неверојатен глад за нив.
2. Всушност се радувате на целото внимание околу вас и Вашето стомаче
Непознати Ви се насмевнуваат и Ви отвораат врати, а луѓето љубезно Ви ослободуваат место во градскиот превоз или во болница. Се чувствувате како да сте кралица (каква што сте) за 9 месеци.
3. Понекогаш покажувате сексапил
За време на бременоста нормално е да се качи некое килце што за среќа се одразува и на Вашата фигура. Некои мами сакаат да ги покажуваат градите со поотворено деколте. Природни силикони, мора да се искористат!
4. Треба да се бричите на чудни места
Што друго да правите кога ќе се појават повеќе влакна на лицето, стомакот и нозете?
5. Се преправате дека сте уморна
Секако дека сте уморни, во вас расте човечко суштество. Но, понекогаш едноставно сакате да ги искористите предностите на Вашата состојба, за да се спасите од некои напори.
6. Играте со стомакот
Секоја бремена жена, свесно или не, сака да си игра со стомакот и да прави смешни слики.
7. Чести гасови
Колку и да Ви е непријатно, тоа е сосема природно и се случува доста често.
8. Се плашите при помислата за раѓањето
Жените тоа го прават со векови, но да знаеш дека во тебе има мало суштество кое треба да излезе, може да е навистина застрашувачки. Но, во себе знаете дека сè ќе биде во ред и ќе заборавите на сите стравови кога ќе го прегрнете бебето.