8 реченици кои треба да им ги кажете на Вашите родители пред да биде предоцна
Најголема среќа во животот е да се поминат деновите со нашите родители кои безусловно нѐ сакаат и се подготвени да направат сè за нас. Овие родители го посветуваат целиот свој живот на децата, ги заштитуваат ги сакаат и се грижат за нив. Кога родителите стареат, имаат потреба од нивните деца повеќе од кога било. Затоа, не земајте ја посветеноста здраво за готово, изразувајте ја Вашата благодарност секој ден и грижете се за нив. Никој не знае колку долго ќе остане со своите родители, па добро е да им ги кажете следните неколку реченици пред да биде предоцна:
- Ви благодарам за сè што сте направиле за мене, и бескрајно сум Ви благодарен!
- Дури и кога сум зафатен со работа и немам време за ништо, мислам за вас!
- За мене ме е јасно колку многу сте жртвувале за децата!
- Јас сум подобар човек, бидејќи имам двајца родители, како вас.
- Тоа што не живееме заедно, не ја менува мојата љубов кон вас.
- Јас постојано се плашам дека ќе ве изгубам и не сакам да размислувам за тоа каков ќе ми биде животот без вас.
- Никогаш нема да кажам „збогум“, но ќе кажам, „Ќе се видиме подоцна“.
- Ве сакам колку што не можете да си замислите!