8 секојдневни трикови кои ќе ви помогнат да го спречите предвременото стареење на кожата
И покрај тоа што не можеме да ги спречиме нашите тела да стареат, сигурно можеме да сториме нешто за да го забавиме процесот на стареење.
Решението за борба против здодевните брчки и надвисната кожа на рацете не мора да бидат козметички операции, бидејќи мајката природа е полна со чудесни подароци кои можеме да ги позајмиме за да ја подмладиме нашата кожа.
Во продолжение ви откриваме 8 лесни секојдневни трикови кои можете да ги користите за да ефикасно се изборите против процесот на стареење и видливите знаци на истиот, на природен начин
1. Вклучете боровинки во вашето дневно мени
Со текот на времето, како старееме, така нашата кожа надвиснува, а тоа се должи на процесот наречен оксидативно оштетување на ДНК, кој е непобедлив, но може да се забави со редовна консумација на боровинки. Ова мало овошје е богато со антиоксиданти и ви помага да се борите против знаците на стареење на највкусен начин. Вклучете го во вашето дневно мени и за кратко ќе ја забележите промената.
2. Ограничете го внесот на шеќер
Едно неодамнешно истражување откри дека консумацијата на шеќер го забрзува процесот на стареење кај човечкото тело и доведува до појава на темни кругови под очите, дехидратација и брчки. За да се изборите со стареењето, експертите советуваат дека луѓето треба да го ограничат внесот на шеќер и да избегнуваат храна и пијалоци полни со шеќери, колку што можат. Воедно, потребно е да се зголеми внесот на вода.
3. Избегнувајте спиење со лицето свртено кон перницата
Доколку сте некој кој претпочита да спие на стомак, со лицето свртено на перницата, ви предлагаме веднаш да се обидете да ја промените оваа ваша навика. Според разни истражувања и експерти, спиењето со лицето свртено кон перницата предизвикува брчки кои би можеле да останат трајно на вашата кожа. Во овој случај, најдобриот лек е превенција. Научете се да спиете на грб за да ги избегнете раните знаци на стареење.
4. Одржувајте го нивото на калциум
Секој знае дека калциумот е добар за нашите коски, но многумина не се свесни дека тој игра важна улога во заштитата рано стареење. Покрај сите добри вредности на хранливиот елемен на нашето тело, соодветното ниво на калциум може да ги намали знаците на стареење и да ни помогне да старееме поблагородно со силна структура на коските.
5. Направете го зелниот чај ваш најдобар пријател
Зелениот чај е чудесен лек кој му помага на вашето тело одвнатре и однадвор. Богат со антиоксиданти, овој пијалок ги обновува клетките на кожата и ве прави да изгледате помладо. Исто така смирува ги смирува разните црвенила и иритации на вашата кожа, затоа што има моќно антивоспалително својство. Редовното консумирање зелен чај ќе ја оддржи вашата кожа цврста и здрава. Можете исто така да поставите користени кесички зелен чај на очите неколку минути да отстојат, за да се ослободите од темните кругови и подуеноста.
6. Туширајте се кратко
Со цел да го спречите предвременото старее, потребно е да се збогувате со омилените долги туширања. Откриено е дека капењето или туширањето кое трае подолго време, ја оштетува вашата кожа и ја прави сува. Не само тоа, исто така, доведува до појава на видливи знаци на стареење како брчки и надвисната кожа.
7. Заштитете се од Сонцето
Сонцето игра голема улога во забрзувањето на процесот на стареење и колку повеќе сте изложени на сончеви зраци, толку повеќе се зголемува ризикот од предвремено стареење. Природното сончањето е исто толку штетно како солариумот, па заота потребно е да се заштитете од штетните УВ зраци со употреба на соодветни креми со заштитен фактор.
8. Медитирајте и избегнувајте го стресот
Соочувањето со преголем стрес го забрзува процесот на стареење на вашето тело. Не само тоа, претераното размислување и анксиозноста, исто така, доведуваат до рано стареење. Обидете се да не дозволите секојдневните мали проблеми премногу да ве вознемируваат. Полесно е кажано отколку направено, знаеме сите ние, но медитацијата ќе ви помогне лесно да се справите со стресот, бидејќи помага во опуштање на нервите и ослободување на хормоните на среќата во вашето тело што ве тера да се чувствувате подобро. Тоа е најевтиниот начин за спречување на стареењето.